• Latest
Архива: прес конференција на ЦИВИЛ, 19 јули 2019 година / фото: ЦИВИЛ

ЦИВИЛ е место каде што се вкрстуваат аргументи и ставови, наспроти дезинформациите и црната пропаганда

April 15, 2021
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ЦИВИЛ е место каде што се вкрстуваат аргументи и ставови, наспроти дезинформациите и црната пропаганда

April 15, 2021 13:33
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Архива: прес конференција на ЦИВИЛ, 19 јули 2019 година / фото: ЦИВИЛ

Архива: прес конференција на ЦИВИЛ, 19 јули 2019 година / фото: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Во денешното соопштение за континуираните клевети, лаги и навреди, ЦИВИЛ ги повикува лицата кои коментираат на социјалните мрежи да не манипулираат со фактите и да се воздржат од навредлив и вулгарен говор. „Во коментарите на одделни содржини, поединци изнесуваат чисти измислици и лаги. Заднината на коментарите се очигледни и добро познати“ – се вели во соопштението на оваа организација за човекови права.

„Ова се однесува и на одделни медиуми и политички партии кои, очигледно, ангажираат сериозни ресурси за да се занимаваат со нашата организација, буквално секој ден, веќе со години. Наместо тоа, можат да одговорат позитивно на бројните покани за настани и интервјуа во кои можат да ги изнесат своите ставови и аргументи на релевантни теми. На тој начин ќе заштедат време и ресурси кои потекнуваат од даночните обврзници на нашата земја“ – укажуваат од ЦИВИЛ.

Посебен нагласок, ЦИВИЛ дава на фактот дека „податоците за работата и финансирањето на ЦИВИЛ се објавуваат редовно и добро ѝ се познати на јавноста“.

„Различните ставови, поткрепени со релевантни податоци, информации и анализи, се негуваат и се поттикнуваат. Тоа е општо познато“ – се додава во соопштението.

„Во оваа прилика, уште еднаш сакаме да истакнеме дека кај нас сè се објавува со максимална транспарентност, што е обврска според сите професионални и етички стандарди по кои се раководи Организацијата од своето основање во 1999 година до денес. Впрочем, за тоа сведочи и самата медиумска платформа што ја води ЦИВИЛ на македонски, албански и англиски јазик уште од основањето. Со цел да ја подобри својата комуникација со јавноста, во 2009 година беше формирана и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА“ – велат ЦИВИЛите.

„ЦИВИЛ е место каде што се вкрстуваат аргументи и ставови, наспроти дезинформациите и црната пропаганда. Ставовите се различни, често и спротивставени. Експерти, интелектуалци и политичари со различни убедувања и ориентации ги објавуваат своите ставови на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Исклучок од ова се одредени политички кругови кои и во меѓународни рамки се познати како центри на дезинформации.“

„Нашата медиумска платформа секојдневно дава придонес кон јавноста со објавување на различни ставови, мислења и анализи за клучните процеси и настани во македонското општество. Само еден површен поглед на интернет порталите на ЦИВИЛ може да го потврди тоа“ – велат од ЦИВИЛ и потсетуваат:

„Коментарите со навреди, лаги и клевети ќе бидат архивирани и објавени. Не прифаќаме молби за бришење на прилозите во кои ќе ги обелодениме коментаторите и нивните профили“.

 


ЦИВИЛ е место каде што се вкрстуваат аргументи и ставови, наспроти дезинформациите и црната пропаганда

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ