• Latest
Каролин Едштадлер

Преглед на денот: Едштадлер со остра порака до Бугарија, дигитализацијата на образованието е приоритет, нон-пејперот на Јанша ја бранува јавноста…

April 15, 2021
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на денот: Едштадлер со остра порака до Бугарија, дигитализацијата на образованието е приоритет, нон-пејперот на Јанша ја бранува јавноста…

April 15, 2021 16:08
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Каролин Едштадлер

Каролин Едштадлер

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Едштадлер: Немам разбирање за блокадата од Бугарија и апелирам истата да ја тргне

Северна Македонија е кандидат за пример и сакам јасно да порачам за време на португалското претседателство брзо да се финализираат преговарачките рамки за првата конференција. Се што е одложување понатаму ќе не остави да бидеме губитници. Искрено велам, дека немам разбирање за тоа дека Бугарија понатаму блокира.

Ова денеска го порача австриската министерка за Европа и Устав Каролине Едштадлер, на заедничката прес-конференција во Виена со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Едштадлер посочи дека Северна Македонија е кандидат за пример и оти дури го смени и името за да постигне вистински чекори кон Европа, потсетувајќи дека под германското претседателство се вложија огромни напори за да се реши бугарската блокада, но тоа не успеа.

-И понатаму станува на врвот на агендата и во Советот и на ниво на министрите за надворешни работи да се реши оваа блокада. Апелирам до Бугарија, овој отпор да го заврши. Ние понудивме во Виена како неутрално место да продолжат разговорите. Досега оваа понуда не беше прифатена, но сакам јасно да кажам дека настанува вакуум ако оваа перспектива на пристапување не ја реализираме во дела.

Тој вакуум, додаде Едштадлер, ќе биде пополнет со други земји што сакаат да извршат влијанија, како Кина, Русија.

-На Западниот Балкан сакам спротивното да го постигнеме и особено Северна Македонија да ја вклучиме во идната конференција. Западниот Балкан припаѓа во Европа. Се додека Западниот Балкан се гледа како член и дел од европската перспектива и ЕУ нема да биде комплетна без него, истакна Едштадлер.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Царовска: Квалитетно образование значи силна држава

Центарот за управување со промени (ЦУП) денеска на онлајн-конференција ги презентираше електронските услуги изработени во соработка со министерствата за образование и наука и за информатичко општество и администрација, во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство и поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Конференција се реализира во рамките на проектот кој имал за цел а ги поддржи институциите во дигитализација на образованието. Целта на проектот е да се презентираат услугите во дигитализацијата.

„За нас како министерство дигитализацијата е приоритет. Квалитетно образование значи силна држава. Сметам дека сите земји кои не се дигитализираат, заостануваат. И образовниот процес може многу брзо да се дигитализира. Дигитализацијата и воспоставувањето на канал помеѓу наставник и ученик за нас претставуваше отскочна даска во дигитализацијата на образованието со помошта на ФИНКИ,  кои навистина брзо и ефикасно го воспоставија каналот на комуникација“ рече министерката Царовска.

СКЕН – политички видео магазин: На „балот“ за човековите права на Ромите

Ром(к)ите честопати се мета на најразлични предрасуди и осуди од општеството, истовремено заборавени од институциите и политичарите, кои се посетувани единствено во време на предизборието или на Меѓународниот ден на Ромите – 8 април. Кој ги тркала Ромите сите овие години наназад? Што е со сите (празни) ветувања? До кога ќе започнуваме процеси на нивна интеграција во општеството на кои крајот не им се гледа? Секој ден граѓан(к)ите поминуваат покрај графитот „шудро манге (sudro mange) во Скопје ретко кој знае дека на ромски значи – ладно ми е. На „балот“ за човековите права на Ромите е тема на ова издание на политичкиот видео магазин – СКЕН.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ најостро го осудува однесувањето на одредени политички и други структури во земјава во случајот со кочанско Трајаново Трло во кој се препознатливи крајниот расизам и националистичко дивеење. Без оглед на „страната“ од која доаѓаат деструктивните појави во општеството и на политичката сцена, без оглед на тоа дали се работи за политички, етнички или верски мотивирани инциденти, тие не може и не смее да се оправдаат и премолчат.

Во денешното соопштение за континуираните клевети, лаги и навреди, ЦИВИЛ ги повикува лицата кои коментираат на социјалните мрежи да не манипулираат со фактите и да се воздржат од навредлив и вулгарен говор. „Во коментарите на одделни содржини, поединци изнесуваат чисти измислици и лаги. Заднината на коментарите се очигледни и добро познати“ – се вели во соопштението на оваа организација за човекови права.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОБРАЗОВАНИЕ Центарот за управување со промени (ЦУП) денеска на онлајн-конференција ги презентираше електронските услуги изработени во соработка со министерствата за образование и наука и за информатичко општество и администрација, во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“.

КОВИД-19 Благо намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19 се бележи во државава, a досега се вакцинирани близу 30.000 граѓани.

Министерот за здравство Венко Филипче нема да нарачува дополнителни дози вакцини од Институтот за вирусологија и серуми „Торлак“ од Србија која ќе ја произведува руската вакцина Спутник В, ниту од било кој друг произведувач, бидејќи како што рече веќе се обезбедени 2 милиони и 600 илјади дози.

Трпение побара министерот за здравство Венко Филипче за сите вработени во критичната инфраструктура, напоменувајќи дека само дел од вработените во овие дејности досега се вакцинирале, но оти како што ќе стигнуваат новите вакцини така ќе се прошири процесот на имунизација за сите вработени во тие сектори.

Продолжувањето на сегашните рестриктивни мерки по 20 април ќе зависи од епидемиолошката состојба и индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување.

ПОЛИТИКА Сојузничките сили на НАТО од 1 мај започнуваат со повлекување од Авганистан. Ова е одлуката на состанокот на министрите за одбрана и надворешни работи на НАТО на кој учествуваа министрите Бујар Османи и Радмила Шекеринска.

Западен Балкан е од стратегиска важност за ЕУ, а проширувањето на Унијата и Западен Балкан ќе бидат меѓу клучните приоритети на словенечкото претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2021 година.

ЛАЖНИ ВЕСТИ Министерот за здравство Венко Филипче целосно ги демантира наводите за исплатени милион евра за респиратори од Бразил како што објавија дел од медиумите. Тој побара од Инфомакс, Курир, Нетпрес и сите кои ја шират лагата на ВМРО-ДПМНЕ итно да ги повлечат текстовите со кои ја лажат јавноста дека некој злоупотребил народни пари.

Во денешното соопштение за континуираните клевети, лаги и навреди, ЦИВИЛ ги повикува лицата кои коментираат на социјалните мрежи да не манипулираат со фактите и да се воздржат од навредлив и вулгарен говор.

ИНТЕГРАЦИИ Заменик-претседателот на Владата Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Виена која е дел од турнејата на вицепремиерот на главни градови на земји членки на ЕУ.

ОПШТЕСТВО Платформата за родова еднаквост преку регионално соопштение за сексуалното насилство и вознемирување на жените на интернет, потпишано од 138 организации од Балканот, го адресира проблемот за постоењето на „Телеграм групи“ во кои се вознемируваат жени во земјите на поранешна Југославија, кои и понатаму остануваат незаштитени од институциите на државите.

Министерството за Одбрана ко-домаќин на меѓународната онлајн дебата за сајбер безбедноста на Западен Балкан

ПРАВДА За проектот за изградба на домови за стари лица требаше да платиме 350 илјади евра во готово и 16,1 милион денари на фактура, кажа бизнисменот Ресул Лога, сведочејќи на судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска од 16 часот ќе одржи протест со автомобили со кој ќе го искаже незадоволството од немањето социјален дијалог,  непочитувањето на работничките права и последното зголемување на минималната плата.

Групата на држави против корупцијата (ГРЕКО) на Советот на Европа, при претставувањето на својот дваесет и прв извештај за работата, повикува да се спречат ризиците од корупција како дел од мерките преземени за борба против економските последици од пандемијата на Ковид-19.

И. К.

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ