По вчерашниот инцидент во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, во ексклузивна изјава за нашиот медиум раскажа што всушност се случуваше вчера во собраниската сала, додека ја бркаше пратеничката на СДСМ, Даниела Маркоска, за да и го одземе микрофонот.
„Седејќи во собраниската сала, одеднаш ми дојде како да сум во кафана и посакав да ја запеам песната од Кисми: ‘Милионерче не си играј давај, давај, давај брцни си во џебот, имаш пари, давај, давај не се срами ставај, ти си парајлија, не се стискај, давај ти… Ајде ќе ти свирам ајде, ајде ќе ти пејам ајде, раз два три – имаш пари ти, четири, пет, шест – ти си голем шеф, имаш, имаш пари ајде не се жали, фрли едно бонче имаш милионче’. Имав и музичка поддршка од моите колеги кои осетија дека сакам да ја запеам песната „Милионерче“ и тие со голи раце почнаа да тропаат на масите за да ми држат ритам, меѓутоа колешката од СДСМ одби да ми го даде микрофонот“, вели Мицевски.
Тој вели дека откако не му се исполни музичката желба, повеќе немаше сила ниту тој ниту неговите колеги да гласаат за законите со кои ќе се овозможеше реализација на петтиот пакет мерки за помош на компаниите и граѓаните.
„Мене ми е многу жал што многу граѓани нема да може да земаат плата поради тоа што не гласавме во Собрание, меѓутоа до следната плата ги поздравувам со песната: „Туѓа си бескрајно“.
Кис Ми
Оградување, одбрана и заштита: Ова е козерија. Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.