• Latest
Војо Маневски

Корона сновиденија

April 18, 2021

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Корона сновиденија

April 18, 2021 15:25
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Може ли лошите времиња да се преспијат? Да поминат, а да не ни го нарушат сонот? Да се разбуди човек кога сѐ лошо поминало, а светот станал сличен на неговиот сон. Не сонот, што го сонува длабоко заспан, туку сонот што на јаве го сонува.

Пролетта, втора по ред со дополнително име ковидна, се однесува во склад со вакцината – астра зенека. Еднаш е употреблива во попладневните часови, друг пат само до пладне, а си има и последици како од вакцината. Неколку недели ѝ требаат, додека створи антитела за одбрана од зимата. Во таа борба има и последици , па ова година ќе мора да јадеме шпански кајсии и турски праски, нашите пострадаа од невакцинираната пролет.

Секојдневието не ни е весело, ако се суди според вестите во медиумите. Прва работа што наутро ја приметувам е рапортот за заболени, оздравени и за жал починати сограѓани. Ако си ставиш кафе да се свари, а пет минути слушаш за ковид податоци, какво и да го направиш, ќе ти биде горко. Ако се спремаш за лесен доручек, јунак треба да си во таква атмосфера да голташ храна. Купатилото е вистински предизвик. Огледалото се искривило и не ја дава вистинската слика. Со десетици минути се гледаш во него за да приметиш некој симптоми на ковид-19  и им даваш временска димензија – дали се предвесник или се последица од болеста.

На работа, бројната состојба е прво нешто што го проверуваш. А поширокиот состав секојдневно е оштетен кога почнат информациите за познатите личности што се во болница или веќе борбата ја изгубиле. И да ти донесат какао, тешко ќе ја приметиш разликата со вообичаеното кафе.

Како високо зависен од информации ги следам сите пресови што ми се на располагање. Несимпатични портпароли ги пренесуваат партиските ставови за сѐ и сешто. Еден од нив има идеална фаца и тоналитет за погребално претпријатие. „Денес нѐ напушти тој и тој, се случи голема несреќа, украдена е фабрика во Горно Недојдено“ и слични важни известувања. Друг негов фотокопирник во еден тон и тоналитет зборува за успесите на владата и големите придобивки што треба да ги очекуваме. Доаѓам во искушение двапати да брцнам во џебот и ја проверам содржината. Можеби јас сум грешка и не сум броел добро, а пари сум имал. Ако владините службеници така велат, можеби и има вистина. Како што велеше дедо ми  – ташна носат, мора да се почитуваат.

Кога помине пладнето некој бомбастичен прес на опозицијата е скоро неодминлив – Заев и компанијата со фамилијата и пошироката струмичка околија, овозможиле светски криминалци да се здобијат со македонски пасоши. И да сакаш да се потсмириш, не ти даваат. Од средината на дијафрагмата ти се подига револтот. Банда криминална си велиш, кој знае колку пари земале. Ама бидејќи одамна сите на овие простори имаме по неколку нивоа на размислување веднаш си викам – македонски пасош некому му требал и токму на тие што имаат толку пари и држава како нашата да си изнајмат. Мора де се изненадени на светските аеродроми и гранични премини кога на вип премин некој го подава нашиот пасош. Замислете го полицаецот во Индонезија, во рака ќе го има нашиот пасош. Пола час му треба помош од чичко Гугл да ја најде нашата држава со предзнак северна.

На пат за дома, хендикепот се зголемува зошто секој пристоен простор што може да ти даде утеха е затворен на две недели – за почеток изгледа. Тешко искушение признавам.

Ако ручекот е непогоден а телевизорот ти е во орбитата на кујната сите шанси за ковид тест ги имаш. Јадеш а немаш никаков вкус. Пред да ја одработиш попладневната дремка како низ минско поле добиваш информации од експертите и аналитичарите што своето ценето знаење ќе го сипуваат во „само вистина“, анализа, топ тема и слични оригинални поглавија за емисии од карактер што треба да се стави во списокот болести, за кои сѐ уште нема сигурен лек.

Ако дремката не ти иде, а имаш добар стомак, тогаш отварај социјални мрежи и читај коментари за разни случки од дома и светот. Дантеовиот пекол во споредба со отровите што таму вријат е средношколска екскурзија по убавините на татковината а мораш да седиш со девојка што не само што не ја бендисуваш туку и таа не те сака на пушкомет да те види. Таму ќе најдеш трошка пристојност ама на социјалните мрежи ни водич од типот на Јунг нема да ти помогне. Единствен интелектуалистички изблик е честитањето на родендени и останати празници. На мојата драга сопруга и животен сопатник и го честитам – роденденот. Во продолжение следува некој израз од турските серии од типот – со најдрагите да го поминеш векот, ај со убавини нека е. А после убавата дискусија околу ручекот, три дена со „најсаканата сопатничка“ си на нишан како кај Мечкин камен. Ама честитката е објавена.

Ако издржиш да читаш што вријат социјалните мрежи, не се надевај на мирен сон, од толку злоба и ако заспиеш ќе сонуваш Баба Роги со такви убавини што и ѓаволот ќе ти изгледа како Ким Кардашијан.

Несоницата била последица од прележана корона и ќе поминела. Јас оваа последица ја имам веројатно уште кога ни во Вухан не беа слушнале за овој вирус. Така е кај нас, прво се последиците па после се причините. Затоа сме 30 години во тунелот транзиција, стоиме на сред тунел и не знаеме каде да тргнеме. И едната страна и другата ни се чинат и како излез и какао влез.

Зашеметен од корона денот и веселото секојдневие се борам со потребниот сон. И таман кога помислувам дека и тој створил антитела кон мене, една госпоѓа со времен престој на скопското кале милозвучно ме советува. „Ништо ти не се секирај, вие сега сте во НАТО, а ние не сме играчка, тоа треба да се знае.“ И таман да ѝ одговорам – знам дека НАТО не е играчка, но ме плашат играчките со кои си играат. Имаат премногу енергетска вредност и големи калибри. Тој притисок од калето ни врвот на вмро и сдсм не го издржа, а што останало за мене. Заспивам како да сум на Сани бич и сонувам ли сонувам.

Кафето наутро, франково, без вкус на дифка. На вестите ништо за короната. Се зборува за разните суплементи со кои организмот успешно се опорава. Ги имало доволно и се со ниска цена. Десет, дваесет денари. Министерот Тодоров успеал на време да склучи договор со светските производители. Друг министер го полни екранот. Битиќи зборува за раст на економијата од 6% и високиот постоток на реализација на капиталните инвестиции. Диеталниот доручек служи само да се одржува потребната енергија до следниот прес на министерот за надворешни работи Никола Поповски. Со смирен глас ја објаснува постапката за кластерот со правната држава од преговорите со Европа. Во екипата за преговори му се професорите Давитковски, Фрчкоски и новата интелектуална сила од правен, двоецот Наумовски и Муцунски.

Во сон лесно се преместуваат просторите. На работа, целиот екран го зафатил министерот за внатрешни Павле Трајанов и ги реди постапките од неговата програма за реформи во МВР наречена ДЕКРИ.

УУУ луѓе и за на сон да е, многу е. Ни во сонот не ѝ верувам на стварноста.

Професорката Беса Арифи, министерка за правда, полека и разложно  ја објаснува постапката пред собранието за избор на нови 210 судии што завршиле академија и 130 нови обвинители што ги поминале сите контроли од стручен и морален план. И таман да прашам дали работи собранието, кога на еден од порталите се појавува Илија Димовски, како претседател на собранието. На седницата присуствувале 115 пратеници а низ комисиите поминале 23 закони за овој месец и за наредните три дена е закажано гласање за предложените закони. Камерата се врти низ салата и изненадувачки констатирам дека ретко кој лик ми е познат од досегашните состави на собранието.

Ми се редат низ работниот ден министри и заменици  од партии и стручност, а никако да дојдам на ред да прашам – луѓе, кој е премиер на оваа успешна држава?

И како за инает и по правило, кога сонуваш недостижни сонови, алармот на проклетијата телефон се јави како да е писмо од Стејт Департмент што мора да се чита веднаш и неодложно. Не успеав да запаметам што ми кажа мојот сон за премиер. Само последните три букви ги запаметив и звучеа нешто како… ЕРТ.

Ќе го продолжам ли сонот не зависи само од мојата психичка кондиција, туку и од стимулансот од висините на скопското  ритче. На јавето мора да се внимава ама исто толку треба да се внимава на соновите, зошто можат и да се остварат.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ