• Latest

„Вакцините нè доближуваат“ – Европска недела на имунизација

April 26, 2021
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

„Вакцините нè доближуваат“ – Европска недела на имунизација

April 26, 2021 09:24
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Под мотото „Вакцините нè доближуваат” денеска почнува одбележувањето на Европската недела на имунизација. На почетокот на Европската недела на имунизација, Министерството за здравство и канцелариите на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) во Северна Македонија истакнуваат дека вакцинацијата е јавно добро со кое му се помага на општествотo, се заштитува здравјето на населението и се спасуваат човечки животи.

Преку годинашното одбележување на Европската недела на имунизација во Северна Македонија, Министерството за здравство и партнерите сакаат да ја подигнат свеста за вредноста на имунизацијата, нагласувајќи ја важноста на континуитетот на рутинската имунизација и на потребата од стекнување на довербата од јавноста во безбедноста и ефикасноста на вакцините против КОВИД-19, меѓу другото и заради заштита на здравствените работници и ставање крај на пандемијата.

– Јавноздравствените и социјалните мерки помагаат да се забави ширењето на вирусот, но вакцинацијата против КОВИД-19 е алатката од витално значење за ставање крај на пандемијата и во тој контекст вложуваме максимални напори за да обезбедиме вакцини за целото население, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Посочува дека за целото времетраење на епидемијата, се вложуваат големи напори да се избалансира одржувањето на есенцијалните имунизациски услуги за сите возрасти, од една страна, со искористувањето на сите расположливи стручни потенцијали, ресурси и веќе докажани капацитети на државата за спроведување вакцинација за подготовка и за самата реализација на вакцинацијата против КОВИД-19 на безбеден начин. Напорите на планот на имунизацијата, неведува Филипче, опфатија и партнерска соработка со УНИЦЕФ и СЗО во областите на изготвување на национален план за вакцинација за КОВИД-19 и надминување на предизвиците во врска со обезбедувањето вакцини и нивно чување и друга логистика, благодарение на што се создадоа функционален ланец на снабдување со вакцини и обучени здравствени работници и вакцинатори во државата”.

Имунизацијата е водечка иницијатива на Програмата за работа на Kанцеларијата на СЗО за Европа за периодот 2020–2025 година насловена „Обединета акција за подобро здравје во Европа” – објаснува д-р Жихан Тавила, претставничка на СЗО во Северна Македонија.

„Како еден однајдокажаните економични начини за заштита на здравјето, имунизацијата е корисна за сите, насекаде во светот. Вакцините се колективно јавно добро, така што за сите луѓе треба да се обезбеди правичност во поглед на нивниот пристап до и користа од вакцините. Доколку се случи да биде запоставена рутинската имунизација заради состојбата со КОВИД-19, последиците ќе се чувствуваат уште долго откако ќе заврши пандемијата. Благодарение на години и години напорна работа во насока на обезбедување сите луѓе да бидат заштитени преку вакцинација, сè поблиску сме до елиминирање на неколку болести како што се на пример малите сипаници, но за да се заштити ваквиот напредок по секоја цена мора да се одржува висок опфат со имунизација преку рутинска вакцинација. Среде пандемијата на КОВИД-19, вакцинацијата претставува критично важна интервенција за ставање крај на пандемијата по што конечно ќе можеме да бидеме поблиску едни до други, вели Тавила.

Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјава, пак, истакнува дека после цела една година на затварања, празни училници и откажани собирања на семејствата, луѓето низ целиот свет почнуваат да добиваат вакцина против КОВИД-19 или се во очекување на тој момент.

– Сите знаеме дека вакцините против КОВИД-19 се најголемата надеж што ја имаме дека ќе ни се врати нормалниот живот и дека повторно ќе можеме да бидеме блиску едни до други. Тие се исто така важен потсетник за критично важната улога што ја имаат другите вакцини, вклучувајќи ги и рутинските вакцини за децата, кои ни го овозможуваат нашето секојдневно функционирање, вели Ди Џовани.

Министерството за здравство и канцелариите на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) во заедничкото соопштение по повод Европската недела на
имунизација, истакнуваат и дека КОВИД19 наруши голем број услуги, па така, додека од една страна сме сведоци на намалена побарувачка на услуги за децата во делот на дијагностиката, лекувањето хронични болести и примарната здравствена заштита, што се должи на стравот на родителите дека децата би можеле да се заразат од КОВИД-19, она што радува е фактот што интересот за рутинска имунизација на децата и самото нејзино спроведување останаа во најголем дел несмалени.

Погрешните информации и дезинформациите може да предизвикаат колебливост во поглед на вакцините и на тој начин да претставуваат пречка на патот кон посакуваниот делотворен вакцинален одговор на пандемијата. Во борбата против КОВИД-19, партнерите исто така повикуваат на поголема ангажираност во насока на обезбедување пристап за граѓаните до информации и совети од веродостојни извори. Отворените и објективните комуникации им помагаат на луѓето да донесат издржани одлуки, засновани на нивна добра информираност, како и да ја разберат важноста на вакцинацијата како најделотворен начин – заедно со мерките како идентификување на контактите на заразените, одржување физичка дистанца, носење маска и миење раце – за ставање крај на пандемијата.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ