• Latest

Истекуваат рестриктивните мерки, од анализата на епидемилошката состојба ќе произлезат нови

April 26, 2021
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Истекуваат рестриктивните мерки, од анализата на епидемилошката состојба ќе произлезат нови

April 26, 2021 10:36
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19 истекуваат утре, а се очекува денеска Комисијата за заразни болести да ја анализира епидемиолошката состојба по што ќе биде одлучено дали ќе има нови мерки за време на претстојните велигденски празници.

Во случај на потврдување на трендот на опаѓање на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица, како што беше најавено минатата недела, Кризниот штаб ќе разгледа опција за отворање на угостителските објекти за посетители во отворениот дел од објектот, односно на летни тераси, градини. Во период од 27 април до 15 мај 2021 година, забраната за движење наместо од 20 да биде од 21 часот до 05 часот наредниот ден, да се дозволи организирање спортски тренинзи од страна на фитнес центри/клубови на отворен простор, наместо во затворена спортска вежбална/сала, како и други мерки во зависност од епидемиолошките текови и состојби во државата.

Од Кризниот штаб минатата недела наведоа дека предлог-мерки на Комисијата за заразни болести ќе се разгледуваат исклучиво доколку се задржат трендовите на опаѓање на бројките на новозараени и хоспитализирани лица, за што клучно е почитувањето на личните мерки за заштита од КОВИД-19 и активните протоколи за функционирање во услови на КОВИД-19.

Според министерот за здравство Венко Филипче, состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, а мерките дадоа резултат.

-Сепак, искуството ни покажа дека таа многу брзо може да се дестабилизира доколку не се почитуваат мерките. Пред нас следат празници, слободни денови и убаво време. Да ги искористиме одговорно, да не се групираме и да не ги кршиме мерките за заштита, објави вчера Филипче на својот фејсбук профил.

Има, посочи министерот, многу начини да поминеме квалитетно време во кругот на семејството и најблиските, а да останеме заштитени од вирусот.

-Од следната недела пристигаат поголеми количини на вакцини и ќе ги подигнеме капацитетите за вакцинација на максимум. Ве уверувам дека брзо и ефикасно ќе вакцинираме со цел што побрзо граѓаните да стекнат имунитет. Од вас единствено барам почитување на јасно пропишаните мерки кои ќе не заштитат од евентуален нов бран после празниците, напиша Филипче.

Mинистерот Филипче во петокот изјави дека 200 000 дози од вакцината „Синофарм“ треба да пристигнат околу 28 април.

– Добивме листа од компанијата „Фајзер“ со која ни беше презентиран распоредот со кој ќе стигнуваат останатите количини во мај. Секој понеделник меѓу 5000 и 7000 вакцини, околу 26 000 се предвидени да стигнат во текот на целокупниот месец и тоа ќе биде една количина која ќе испланираме како ќе биде дистрибуирана ширум државата, истакна Филипче.

Досега се вакцинирани 44 974 граѓани, а за вакцинација се пријавени 192 459 граѓани. Се очекува имунизацијата поинтензивно да продолжи да се спроведува по велигденските празници.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ