• Latest
Насилен упад во Македонското собрание, 27 април 2017.

Четири години претходно: Како реагираше меѓународната заедница на упадот во Собранието на 27 април 2017

April 27, 2021

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Четири години претходно: Како реагираше меѓународната заедница на упадот во Собранието на 27 април 2017

April 27, 2021 15:00
in СВЕТ
Насилен упад во Македонското собрание, 27 април 2017.

Насилен упад во Македонското собрание, 27 април 2017.

Share on FacebookShare on Twitter

„Крвавиот четврток“, 27 април 2017 година, кога се изврши упадот во Собранието, по изборот на Талат Џафери за претседател на пратеничкиот дом, слободно може да се рече, дека меѓународната заедница во најголема мера го оцени и како атак на демократијата. Ваквата оценка придружена со крајна осуда за насилството врз пратениците, но и медиумските работници што тој ден информираа од Собранието, го изрази јасниот став на демократските земји дека нивната поддршка е насочена кон унапредување на демократските процеси во земјата, а не враќање назад.

Реакции пристигнаа од Европска Унија, Амбасадата на САД, Франција, Канада, Велика Британија, Германија, но и соседните земји Србија, Албанија и Бугарија. Не изостана ниту реакцијата на Русија.

САД

„Строго го осудуваме насилството во Собранието. Тоа не е во согласност со демократијата и е неприфатлив начин за надминување на разликите. Клучно е сите страни да ги почитуваат демократските процеси и законот и да се воздржат од насилни активности што ја влошуваат ситуацијата. Мнозинството пратеници го избраа Талат Џафери за претседател на Парламентот за време на редовната, продолжена седница на која присуствуваа членови на јавноста и печатот. Ние ќе работиме со него за поддршка на демократијата и за унапредување на интересите на Македонија“, се вели во соопштението на  Амбасадата на САД во Македонија од 27 април 2017.

Канада

Канада го поддржа изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Но, истовремено ги осуди нападите што се случија внатре во Парламентот.

„Канада остро ги осудува нападите врз пратениците во Скопје, Македонија. Демократските норми мора да се почитуваат и насилството нема место во Парламентот“, вели на Твитер канадското Министерство за надворешни работи.

CDA supports election of Speaker of Parliament as positive step in resolving political impasse in #Macedonia & encourages political dialogue

— Foreign Policy CAN (@CanadaFP) April 27, 2017

Велика Британија

„Обединетото Кралство ја поддржува демократската одлука на мнозинството пратеници во Македонија да го изберат Талат Џафери за Претседател на Собранието. Подготвени сме за претстојната соработка со него. Ги повикуваме сите лица, институции и партии да овозможат непречен и ненасилен трансфер на власта од претходната владејачка партија кон мнозинската коалиција избрана во декември 2016 година. Колку побрзо се формира Влада, толку побрзо ќе може да започне спроведувањето на итните реформи за доброто на граѓаните на Македонија“, изјави британскиот МНР.

„Во време на засилени тензии, сите лидери треба да се воздржат од загревање на етничките тензии. Секое такво однесување е опасно и спротивно на интересите на националното единство на Македонија“, порачаа од таму.

Франција

„Франција со голема загриженост ја следи состојбата во Република Македонија. Таа силно ги осудува насилствата што се случија вчеравечер во Собранието по изборот на неговиот претседател… Франција ги повикува сите страни да останат смирени и потсетува дека само конструктивен политички дијалог ќе овозможи трајно стабилизирање на земјата. Сите политички лидери мора да преземат одговорност и да го изберат патот на дијалогот “, се вели во реакцијата на француското МНР.

„Употребата на насилство само ќе доведе до зголемување на тензиите“, порачаа од француското МНР.

Германија

„Упадот во македонското Собрание кој се случи минатата ноќ е „неприфатлив“. Конечно таму мора да се формира нова влада. Целосно е неприфатливо што актуелната владејачка партија одбива да го стори тоа, а нејзините поддржувачи го напаѓаат парламентот и тепаат пратеници“ го пренесе ставот на Германија, германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел.

ЕУ

„Во парламентот беа нападнати оние кои се залагаат за европскиот процес!… се надевам дека случувањата ќе бидат аларм за будење. Доколку се повторат, тогаш ќе биде загрозена европската перспектива. Не очекував ваков напад врз Собранието, но нештата, за жал, некогаш тргнуваат и наопаку… Со години постои јасна препорака од Комисијата дека треба да почнат преговори со земјата. Тоа функционираше со изборите, но не и со составувањето на Влада, која е блокирана, затоа што парламентарното мнозинство не е признаено од долгогодишната владејачка партија Но, демократијата значи и промени: доколку демократскиот процес и натаму се  попречува, ние нема да можеме да го одржиме нашето ветување за почеток на преговорите за членство во ЕУ“, беше оценката на тогашниот  еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

„Во време на засилени тензии, сите лидери треба да се воздржат од загревање на етничките тензии. Секое такво однесување е опасно и спротивно на интересите на националното единство на Македонија“, реагираше Михаел Рот, германскиот државен министер за Европа

„Тоа што го видовме вчера во Скопје е особено загрижувачко и многу тажно за сите нас. Насилството секогаш го сметаме за неприфатливо, уште повеќе кога се случува во куќа на демократијата – во парламент. Веруваме дека сите во Скопје треба да ги следат принципите на Уставот, демократијата и да се обидат да ја извлечат земјата од оваа сериозна криза, која може да биде опасна“, изјави Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини.

.@FedericaMog with the press before Informal Foreign Affairs Council #Eu2017MT #Skopje, #Turkey, #Globalization pic.twitter.com/cV5v7sYsKf

— European External Action Service – EEAS 🇪🇺 (@eu_eeas) April 28, 2017

Србија

Тогашниот премиер Александар Вучиќ, денешен претседател на Србија тогаш изрази загриженост за ситуацијата во Македонија и повика на решавање на проблемите на мирен начин, затоа што тоа не е проблем само на Македонија туку и на целиот регион.

„Подобро е да се запрат сите проблеми и да се обезбеди мир и стабилност за сите наши деца“, изјавил Вучиќ со порака сите во Македонија да ги разберат неговите зборови како добронамерни и да сторат сè за да се врати мирот и стабилноста.

Бугарија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов тој 27 април телефонски разговарал со Зоран Заев, Ѓорѓе Иванов и Никола Груевски, и порачал дека решение е можно само преку почитување на редот и законите. Борисов не образложи детално што зборувал со тројцата, но во неколку наврати подоцна.

„Тешко време за Македонија, тепачка во парламентот, крв, напнатост. Кога беше нападнат парламентот, ми се јавија и претседателот Иванов и господинот Заев и господинот Груевски. На сите им реков дека ние со вознемиреност набљудуваме што се случува таму и навистина се надеваме дека политичарите во Македонија ќе ја земат работата во свои раце и на демократски начин ќе се реши работата, како што е во целата Европска Унија. Така што, ако Македонија ја заврши својата работа, ако политичката елита во Македонија е на висината на очекувањата и на македонскиот народ и на соседите и на меѓународната заедница, јас не гледам никаков проблем“, изјави Борисов во интервју за мкд.мк на 19 јуни 2017

Албанија

Албанскиот претседател Илир Мета му даде поддршка на Џафери за работата во Собранието и порача кризата да се решава со демократски средства.

ОБСЕ

Претседавачот на ОБСЕ и австриски министер за надворешни работи, Себастијан Курц, и генералниот секретар на ОБСЕ, Лaмберто Заниер, најостро ги осудија настаните од 27 април во Собранието.

„Нападите на неколку членови на Собранието, упадот во зградата на парламентот – срцето на демократијата на земјата, се шокантни. Ова е акт на заплашување, напад на претставниците на народот, кој јас категорично го осудувам. Смиреноста и редот мора веднаш повторно да се воспостават. Ги повикувам сите страни да се воздржат од понатамошна ескалација на тензии или насилство“, изјави Курц.

Генералниот секретар Заниер рече дека за насилството нема место во политичкиот процес.

„Насилството мора веднаш да престане. Органите за спроведување на законот мора да обезбедат безбедност на пратениците и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата“, изјави Заниер.

#Протестирам САД

„ Најостро го осудуваме нападот врз парламентарниот дом и насилството врз народните избраници и присутните новинари. Очекуваме од правосудниот систем и другите надлежни институции најитно да ги откријат и да преземат соодветни законски мерки против сторителите, поттикнувачите и организаторите на овие настани. Во исто време, заедно со сета македонска јавност, бараме одговори за причините за затајувањето на службите за безбедност, пред сè, на полицијата, за време на овие настани, како и соодветна одговорност“, соопштија македонските иселеници од движењето „Протестирам САД“

Молитва за Македонија

„Папата Франциско, поглаварот на Римокатоличката црква, во неделното обраќање на 1 мај 2017, пред десетици илјади луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан, повика на молитва и за сериозната политичка состојба во Македонија по насилните настани во македонскиот парламент на 27 април“, пренесе Дојче Веле.

Збор два за руската реакција

На 28 април 2017, Министерство за надворешни работи на Русија излезе со соопштение по повод настаните претходниот ден во Собранието на Македонија. Во воведните зборови, се изразува загриженост поради одлуката на опозицијата на сила по сопствена иницијатива да ја презеде власта, активности во кои биле повредени и хоспитализирани голем број од присутните.

Веќе во продолжението се гледа интенцијата на Русија, мешањето на „странскиот фактор“, да го препишат на западната меѓународна заедница.

„Официјалните претставници на Европската унија, амбасадорите на некои европски земји и амбасадорот на Соединетите држави без двоумење го пофалија новиот „претседател на парламентот“, кој, патем, е поранешен теренски командант во т.н. проалбанска национално ослободителна армија. Овој добро координиран и брз одговор, несомнено, сведочи за фактот дека овие случувања биле испланирани однапред, со тајно учество на „странските куратори“ на македонската опозиција. Ова уште еднаш го потврдува фактот дека сегашната домашна политичка криза во Република Македонија е предизвикана најмногу од бесрамни мешања во внатрешните работи на оваа земја“, се вели во соопштението.

Советот на Русија беше да не се дозволи мешање на Западот, односно надворешен притисок туку да се најде решение преку внатремакедонски дијалог заснован на националниот Устав и законодавство. Следното сценарио, како што предвидуваше Русија, по настаните од 27 април, би било промена на земјата врз основа на „Тиранската платформа“, што ќе предизвика меѓуетнички конфликт.

Б. Јордановска

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ