• Latest
Photo by Annie Spratt on Unsplash

За почеток на денот: Собранието со неколку седници, прес-конференции на Шилегов, ССМ, набавка на нови униформи за потребите на Шумската полиција…

April 28, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

За почеток на денот: Собранието со неколку седници, прес-конференции на Шилегов, ССМ, набавка на нови униформи за потребите на Шумската полиција…

April 28, 2021 09:24
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Photo by Annie Spratt on Unsplash

Photo by Annie Spratt on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Во 09:45 ќе се одржи прес-конференција на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Во 10:00 часот ќе се одржи неформална средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со претставници на медиумите.

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров ќе го промовираат јавниот повик за стар-ап и спин-оф компании „Стартапувај 3“ во 10:00 часот.

Во 10:00 часот ќе се одржи прес-конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, Љупчо Николовски за набавката на нови униформи за потребите на Шумската полиција.

Во 11:00 часот  Народниот правобранител Насер Зибери  на прес-конференција ќе го  презентира Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2020 година.

Во 12:00 часот ќе се одржи прес-конференција на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Прес-конференција на пратеникот Димитар Апасиев на тема: „Патни трошоци на пратениците“ во 12:00 часот

Во 13:00 часот во Гостивар, министерот за економија Крешник Бектеши ќе оствари средби со компании од преработувачката, градежната индустрија и угостителскиот сектор кои беа поддржани со мерки од програмите на Министерството за економија.

Со почеток во 11:00 часот ќе се одржат седници за пратенички прашања на Собранието на Република Северна Македонија и Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, по што ќе следи  седница на собраниската Законодавно-правна комисија во 14:00 часот.

Славјанка Петровска, претседателка на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Парламентот на Словачката Република и претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми ќе се сретнат со словачкиот заменик-министер за надворешни работи, Мартин Клус во 15:00 часот.

Дел од најавите се од сервисот на МИА.

Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ