Во 09:45 ќе се одржи прес-конференција на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Во 10:00 часот ќе се одржи неформална средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со претставници на медиумите.
Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров ќе го промовираат јавниот повик за стар-ап и спин-оф компании „Стартапувај 3“ во 10:00 часот.
Во 10:00 часот ќе се одржи прес-конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, Љупчо Николовски за набавката на нови униформи за потребите на Шумската полиција.
Во 11:00 часот Народниот правобранител Насер Зибери на прес-конференција ќе го презентира Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2020 година.
Во 12:00 часот ќе се одржи прес-конференција на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Прес-конференција на пратеникот Димитар Апасиев на тема: „Патни трошоци на пратениците“ во 12:00 часот
Во 13:00 часот во Гостивар, министерот за економија Крешник Бектеши ќе оствари средби со компании од преработувачката, градежната индустрија и угостителскиот сектор кои беа поддржани со мерки од програмите на Министерството за економија.
Со почеток во 11:00 часот ќе се одржат седници за пратенички прашања на Собранието на Република Северна Македонија и Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, по што ќе следи седница на собраниската Законодавно-правна комисија во 14:00 часот.
Славјанка Петровска, претседателка на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Парламентот на Словачката Република и претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми ќе се сретнат со словачкиот заменик-министер за надворешни работи, Мартин Клус во 15:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.