• Latest

Ди Џовани: Мора да продолжиме со висок опфат на редовна имунизација против детските болести

April 29, 2021
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Ди Џовани: Мора да продолжиме со висок опфат на редовна имунизација против детските болести

April 29, 2021 11:18
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По една година ограничувања на движењето, празни училници и откажани семејни собири, луѓето од целиот свет почнуваат да се вакцинираат против КОВИД-19 или го чекаат својот ред за да се вакцинираат.  Сите знаеме дека вакцините даваат најголема надеж за продолжување со нормален живот и за наше повторно зближување.

Сега кога вакцините се во мислите на секој од нас мора да запаметиме дека редовните вакцини за децата играат клучна улога за децата да може да се играат и да бидат заштитени. „КОВИД-19 предизвика прекин во спроведувањето на многу услуги за децата, но надежно е тоа што побарувачката и реализацијата на редовната вакцинација на децата во голема мера остануваат непроменети. За многу семејства, вакцинацијата е влезна точка во здравствениот систем која обезбедува можност за спречување, откривање и лекување на здравствени состојби и унапредување на доброто здравје.

Ова го истакна Патриција Ди Џовани, претставничката на УНИЦЕФ, по посетата на поликлиниката Ѓорче Петров во која се вакцинираат деца од три општини во Скопје

-Паралелно со напорите што ги вложува  земјата за забрзување на националниот план за вакцинација против КОВИД-19, мора и натаму да ја одржуваме редовната имунизација за да бидеме сигурни дека секое дете во земјата ќе прими вакцина против  мали сипаници, заушки, рубеола и други детски болести. Ова значи дека треба да се погрижиме ниедно пренасочување на средствата од услугите наменети за  редовна имунизација да не создава тесни грла во пристапот на семејствата до здравствените услуги  за редовна вакцинација на децата и до добивањето на услугата. Исто така, мора да поведеме сметка евиденцијата за имунизација на децата и податоците за националната покриеност да продолжат да се ажурираат  за да може да се следи било каква промена во редовната  вакцинација на децата, рече Ди Џовани.

Според неа, пандемиите и епидемиите се потсетување за важната улога на вакцинацијата во текот на целиот живот, од детството преку адолесценцијата, па сѐ до постарата возраст.

-Повеќе од кога и да е, вакцините се покажаа како најдобро средство што го имаме за да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите семејства и на нашите заедници. Мора и натаму да се трудиме редовната  имунизација на децата да остане врвен приоритет за да се спречат други епидемии на болести кои може да се спречат со вакцини, подвлече Ди Џовани.

Во текот на оваа Светска недела на имунизацијата земјите од целиот свет преземаат активности за да ја нагласат важноста на вакцинацијата за повторно зближување на луѓето, за подобрување на здравјето и благосостојбата на сите, секаде и во текот на целиот живот.

-Вакцините се еден од најголемите напредоци на современата медицина. Во светот тие помагаат да се намали смртноста на децата за половина и спасија многу животи. Благодарение на редовната вакцинација многумина од нас имаа среќа да растат без да доживеат член од семејството или пријател да почине или да добие трајна попреченост од болести како што се сипаници или детска парализа. Редовните вакцини во детството ги елиминираа овие болести во многу земји. И покрај тоа што во земјата многу сериозни болести веќе не се чести благодарение на вакцините, овие болести и понатаму постојат и може да се прошират доколку луѓето не се вакцинираат. Епидемијата на сипаници во 2018-2019 која одзеде детски животи во Северна Македонија е потсетник дека не смееме да ја потценуваме вакцинацијата на децата, напомена претставничката на ИНИЦЕФ по повод Светската недела на имунизацијата.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ