• Latest

Преглед на настани: Бојкотот застана – дигитализацијата продолжува, иднината на Северна Македонија, навредлив говор во Толковниот речник

May 6, 2021
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Бојкотот застана – дигитализацијата продолжува, иднината на Северна Македонија, навредлив говор во Толковниот речник

May 6, 2021 17:38
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ Бојкотот на наставата ставен во мирување, од МОН велат дека дигитализацијата ќе се спроведе

Родителите од иницијативата и Фејсбук-група „Настава и учебници мора да има“ денеска одржаа средба со претставници на Министерството за образование и наука на која се разговарало за неколку точки. Тие на средбата побарале задолжителна употреба на хартиени учебници во основното и во средното образование, исклучување на родово-сензитивното образование, создавање соодветни услови за децата со нетипичен развој, креирање протоколи за одржување на настава со физичко присуство и да не се спојуваат два или повеќе предмети во еден.

Воспитувачката Драгана Спасевска, која зборува во име на родителите кои се дел од оваа иницијатива, средбата ја оцени како конструктивна, но рече дека се навредени поради отсуството на министерката Царовска.

Тие побарале задолжително учество на претставници од групата и граѓанскиот сектор во работната група за измени на законот.

„Бараме да се стопира овој предлог закон, да се отвори јавна дебата и расправа и ние да бидеме инволвирани во новите реформи кои што јасно се ставени на маса дека се повеќе од потребни. Очекуваме идната недела да нѐ повикаат повторно со целосна комплетност на тимот од сите сектори, од Бирото за развој на образованието, од МОН и од СОНК, да одлучиме, да ни кажат јавно, јасно и гласно дали овој предлог закон ќе се прекине и ние да делуваме во новите реформи“, изјави Спасевска.

Спасевска истакна дека доколку Министерството не одговори на нивните барања до понеделник, тие ќе повикаат на протест за стопирање на новиот закон. Бојкотот на наставата, во меѓувреме, се става во мирување.

МОН: Реформите ги правиме во широка консултација со сите засегнати страни

Од Министерството за образование преку соопштение велат дека како за сите реформи, така и за Законот за учебници се консултираат и го слушаат мислењето на сите засегнати страни, а во носењето на законското решение предност се дава на квалитетот на наставата.

„Промените во основното образование ќе се случат, затоа што тоа не е самоиницијативна одлука на Министерството за образование и наука, туку е резултат на сеопфатни анализи на квалитетот на националниот образовен систем спроведени од кредибилни меѓународни организации. А исто така, промените се и барање на наставниците и на многу генерации ученици, но и потреба која што ја наметнува современиот свет и глобалните образовни трендови со кои Северна Македонија конечно мора да фати чекор и да ги следи“, истакнале од МОН на работниот состанок со родителите.

Од таму се децидни дека дигитализацијата на материјалите за учење се дел од промените кои започнуваат од идната учебна година.

„Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на креирање на најдобрите решенија кои ќе треба да се интегрираат во системот“, велат од МОН.

Новото законско решение ќе обезбеди достапност на учебниците за сите ученици, поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а воедно и инклузивност, имајќи предвид дека истите ќе бидат достапни во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид, тврдат од Министерството. Исто така, на овој начин учебниците ќе се ажурираат секоја година, што би значело дека повеќе нема да се применуваат учебници со застарена содржина.

Учениците што бојкотираат ќе треба да надоместат преку дополнителна настава

Фејсбук-групата „Настава и учебници мора да има“ брои над 70.000 членови и во неа од минатиот четврток се повикува на бојкот на наставата.

На прашањето како ќе се регулираат отсуствата од настава на учениците кои бојкотираа, од МОН велат дека секое неоправдано отсуство создава импликации по однос на педагошката евиденција која наставниците ја водат за образованието и поведението на учениците и таквите отсуства треба да се надоместат преку дополнителна настава.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Американската амбасадорка Кејт Брнз за следните чекори на Северна Македонија 

– Периодот кој следи ќе биде од пресудно значење на иднината на Северна Македонија како просперитетен сојузник кој придонесува за стабилноста во регионот. По потпишувањето на историскиот Преспански договор во 2018 година, како и влезот во НАТО и зеленото светло за пристапни преговори со ЕУ во 2020 година, Северна Македонија оствари евидентен чекор напред. Но, овој чекор мора да се одржува и шансата мора да се искористи дури и во времиња полни предизвици. Знаеме дека во иднина може да има предизвици, како што се корупцијата, непотизмот, дури и нефункционални институции, со што се попречува патот на Северна Македонија кон зацртаните цели,изјави Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз денеска во обраќање на потпишувањето на договорот за грант меѓу Северна Македонија и САД.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗАЕВ Премиерот Зоран Заев денеска на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ се вакцинираше против корона вирусот со вакцина од кинескиот производител „Синофарм“.

РАШКОВСКИ ДКСК отвора предмети за „скалите на Шилегов“ и претседателката на Судскиот совет и ја проширува истрагата за Рашковски.

ОБРАЗОВАНИЕ Денеска во организација на МОН, во Клубот на пратениците се одржа обука за активностите кои треба да ги спроведат директорите на средните стручни училишта каде во новата учебна 2021/2022 година започнува имплементацијата на концептот на дуално образование, како и за обврските кои треба да ги преземат во насока на ефективно партнерство со компаниите кои се дел од концептот и ќе учествуваат во едукацијата на средношколците.

ГОВОР НА ОМРАЗА По објавувањето на дигиталниот Толковен речник, до Владата пристигнаа реакциии од претставници на ромската заедница во земјата во врска со навредливите зборови кои се застапени во речникот.

Циганче“, „циганштија“, „поциганчи“, „циганштилак“ се дел од навредливите зборови кои се најдоа на владината дигитална платформа makedonski.gov.mk на која е поставен вкупниот фонд од преку 100.000 зборови од „Толковниот речник на македонскиот јазик“.

ГРАНТ Со 8.3 милиони долари, УСАИД ќе помогне да се зајакне економската конкурентност, да се намали корупцијата и да се зголеми младинското учество во општествените текови во земјава. За таа цел, денеска во Скопје беше потпишан Договор за грант за партнерство за развој меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија. Договорот беше потпишан од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими и претставникот на Канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски.

ПОРАСТ Реализацијата на капиталните расходи во првиот квартал е подобра во однос на тој период лани. Во првите три месеци имаме вкупна реализација од 19,5 отсто, што е за 51,5 отсто повеќе од тој период лани, оцени министерот за финансии Фатмир Бесими кој рече дека веќе се применува и новиот Механизам наречен КАПЕФ за реализација на капиталните инвестиции и дека кај оние буџетски корисници кај кои не е реализиран предвидениот минимум од 15 отсто се резервирани предвидените средства.

БУГАРИЈА Бугарскиот претседател Румен Радев потврди дека предвремените избори во Бугарија ќе се одржат на 11 јули.

Правда Со изведување на материјални докази предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи  судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.

ТЕМА НА ЦИВИЛ

Недискриминација и мултикултурализам во училиштата

ЦИВИЛ одржа панел дискусија на тема Недискриминација и мултикултурализам во училиштата, на кој учевствуваа министерката за образование и наука, Мила Царовска, проф. Елена Џукеска од Независниот академски синдикат, и Бленди Ходаи, претседателот на сојузот на средношколци.

Панелот го водеше Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

„Кога ме прашуваат како може во концепт за образование во почеток да има родова рамноправност, интеркултура и инклузивност, дали тоа е некој граѓански концепт, велам ние сме граѓанска држава, да концептот е граѓански, образование коешто е целосно усогласено со Уставот на државата мора да постои. Затоа што вие не можете да носите закони да ратификувате конвенции за недискриминација, почитување на различностите, инклузивност итн. а притоа да имате во образовниот систем да имате така убави закоравени содржини кои не само што дискриминираат туку и навредуваат, и од друга страна директно создаваат атмосфера за непочитување, не еднаквост помеѓу едни и други групи на ученици и притоа тие научуваат дека треба да живеат во некои паралелни светови наместо во школо да ги научиме да живеат едни со други и да придонесуваат за развој на оваа држава“, изјави меѓу другото министерката Царовска.

„Училиштата треба да бидат место каде што учениците ќе се запознаат со својата култура и со другите култури кои живеат со нив и ќе се подготвуваат да бидат активни учесници/чинители на таа култура. Тука е многу битно како ќе им се презентираат на учениците. Македонија има богато културно наследство и постои потенцијал тоа да биде искористено во насока на освестување на мултикултурализмот. Сопствената култура не треба да ја градиме како дискриминаторска. На учениците треба да им кажеме дека секоја култура по природа е мултикултура, во секоја култура имате примеси од соседите, од минатото, и така се сездава простор да не се развива дискриминацијата“, вели проф. Џукеска.

„За жал, во последните години учениците не беа доволно унифицирани. Имавме поделби по етничка  припадност. Имавме Унија на Албанците, на Македонците, на Турците, а денеска сите сме заедно и мислам дека нема да дозволиме да се „игра“ со образованието затоа што тоа е иднината. Ние ќе покажаме дека кога бараме нешто одиме до крај и ја постигнуваме целта… Треба да имаме решение што ќе трае долгорочно, а не краткорочно, што нема да придонесе ништо“, вели Ходаи.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

„Петочната средба меѓу Пендаровски и Мицкоски сигурно ќе добие рефлексија во шпекулациите за тоа кој сè е на списокот на оние кои со задоволство би го виделе и Заев и СДСМ ослабени пред локалните избори годинава, со притисок за вонредни парламентарни избори што поскоро, после кои Заев би заминал „во историјата“.

Конечно, можеби е средбата Пендаровски-Мицкоски наменета за итра „трговија“ околу поддршка на опозицијата за компромисот што ќе треба да се постигне со Бугарија? Иако е неверојатно дека до таков компромис може – а и треба – да се стигне со кршење на кревкиот, едвај подисправен „’рбет“ на македонското правосудство преку вакво неверојатно политичко газење врз пресудите во еден од најкомпликуваните правосудни случаи во последните 30 години.

Како и да е, се чини дека во петок Мицкоски добива извонредна можност за авансирање на своите позиции и во сопствената партија и на пошироката политичка сцена. Тој ќе биде ѕвездата на настанот.

Пендаровски, пак, ќе ја добие првата можност за бројни дополнителни објаснувања (можеби и до крајот на својот претседателски мандат) за тоа што сакал „писателот“, всушност, да каже на полето насадено со јагоди… пишува Сашо Орданоски во денешната колумна Зошто Пендаровски влетува со грло во јагоди?!

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ