• Latest
Фото: МИА

Вистиномер: Стара теорија на заговор употребена и против ковид вакцинацијата

May 8, 2021
фото: Државен инспекторат за животна средина

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Стара теорија на заговор употребена и против ковид вакцинацијата

May 8, 2021 10:12
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Објава на Фејсбук шири антивакцинален наратив и теорија на заговор, според која постои план да се уништи светската популација преку вакцинација во три фази. Оваа конспирациска теорија е атрибуирана на наводен меморандум на Светската здравствена организација од 1972 година. Но, се разбира дека ова скандалозно тврдење не е втемелено на реалноста и не е дел од никаков меморандум на СЗО, пишува „Вистиномер“ во новата анализа што подолу ја пренесуваме во целост.

Рецензираме пост на Фејсбук во кој што се тврди дека ковид е измама и се агитира граѓаните да ги одбиваат вакцините. Во постот се вели дека трите дози вакцина имаат цел да го убијат човекот, во три етапи. Ваквото тврдење е скандалозно, неточно, медицински неисправно и опасно по колективното здравје на луѓето, дадено од истите лица кои година и половина шират најнебулозни антивакцинални наративи и со тоа го загрозуваат и својот и животот на другите. Постот гласи:

Прва вакцина, ги исклучува белите крвни зрнца (имуниот систем) и со неа комплетно се исклучува имуниот систем на човекот и тоа создава имун дефицит.

Втората вакцина го претрупува со смртоносни отрови организмот, т.е. втората вакцина внесува разни лесни и тешки метали во човековиот организам. Во оваа етапа отровите се распоредуваат во организмот односно телото, но човекот не се чувствува болен, затоа што имуниот систем не се бори со тоа.

Трета вакцина, повторно го вклучува имуниот систем кој го тера имунитетот да создаде експлозивен тек на болеста. Пуштањето на имуниот систем провоцира моќен напад на отрови кои го убиваат човекот. Тој ефект е познат како цитокинско јурење кога имуниот систем е толку потресен што праќа премногу антитела кон заразените делови. Така телото се убива самото себе.

Кои се фактите?

Во странство, ваквата теорија на заговор му е атрибуирана на наводен меморандум на Светската здравствена организација од 1972 година. Но, се разбира дека ова скандалозно тврдење и наводен план за уништување на светското население не е на СЗО и не било дел од никаков меморандум.

Станува збор за дел од книгата што ја напишала руската авторка Татјана Грачова, „Кога власта не е од Бога”, објавена во 2010 година. Текстот, цитиран во постот што го рецензираме, се наоѓа на 64 страница од оваа книга на српски јазик во поглавјето насловено ,,Вакцините се оружје за масовно уништување”.

Објавата се однесува на пандемијата со свинскиот грип од 2009 година предизвикана од вирусот АХ1Н1. Во книгата се кажува дека Патрик Џордан открил некакви меморандуми на СЗО. Нашата проверка на факти покажа дека меморандумот на СЗО којшто се цитира во книгата се вика ,,Имунопатологија поврзана со вирусите, животински модели и импликации за човекови болести”.

Целата публикација е објавена на веб-страницата на американската национална библиотека за медицина на 6 февруари 1973 година, значи достапна е 36 години пред пандемијата со свински грип во 2009 година, па јасно е дека Патрик Џордан немало што да открива, бидејќи овој меморандум е јавен повеќе децении. Иако, нема многу информации на интернет за Патрик Џордан, јасно е дека тој има своја страница за антивакцинални наративи и теории на заговор.

Во меморандумот се кажува дека вирусите, освен тоа што самите по себе може да се опасни и да предизвикаат оштетување на ткивата, може да се предизвикувачи за патолошка имунолошка реакција на телото, поради што доаѓа до уништување на здравите клетки на имуниот систем. Цитокинска бура е еден пример на таква реакција. Како што се тврди во заклучокот, овој меморандум има два дела и ги изнесува тогашните достигнувања на полето на вирусната имунопатологија, односно утврдува дека новите концепти се важни за одредени болести кај луѓето.

Во меморандумот воопшто не се споменува вакцина, а уште помалку убиство преку вакцинација во три фази со три дози!

Надвор од реалноста

Тврдењето дека постои теорија на заговор да се убијат луѓето со помош на вакцинирање во три наврати е теорија на заговор. Во некои земји, како на пример, Словенија, пациентите кои прележале ковид-19 примаат само една доза.

За странски проверувачи на факти имунолозите велат дека тврдењето не е втемелено во реалноста.

Имунологот Емина Милошевиќ вели дека меморандумот на СЗО комплетно е неповрзан со вакцината. Таа напоменува дека вакцините не можат да го вклучат или исклучат имунитетот.

Тоа е до таа мера небулозно и невтемелено, што од сите теории на заговор што сум ги чула досега, оваа ми е најдалечна од реалноста. Мене како имунолог не ми паѓа на памет ништо што би можело да изведе такво нешто, да вклучи и да исклучи имунитет, никакви супстанци не можат да го изведат тоа вели таа.

Меморандумот цитиран во објавата што ја рецензираме, е научен труд што е потпишан од десетина научници од целиот свет.

Овој меморандум се занимава со неодамнешниот развој на вирусната имунопатологија со посебен осврт на системите на животинскиот модел и индицира можна релевантност на новите концепти и техники за одредени болести на човекот, се вели во првиот дел од меморандумот 

Во врска со ова шефот на одделението за клиничка имунологија и инфективни болести на универзитетската болница „Хенри Мондор“ и институтот за истражување на вакцините, Жан Даниел Леливру,  за АФП вели: .

Овој документ нема врска со вакцината. Да беше така, човештвото ќе беше веќе уништено, зашто секој примил 3 дози од иста вакцина.

На страницата за вакцинација на Министерството за здравство на РС Македонија, е наведено дека вакцината не може да ве разболи од ковид-19.

Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот КОВИД-19. Нема да предизвика позитивен тест со кој се тестира активна инфекција со КОВИД-19. Некои луѓе кои примиле вакцина пријавиле лесни до умерени несакани ефекти, вклучувајќи болка на местото на инјектирање, замор, главоболка и болка во мускулите. Не секој добива несакани ефекти. Но, ако добие, тие се нормални и знак дека вашето тело ја гради својата одбрана од вирусот, пишува на страницата.

Вакцините делуваат на начин што создаваат имунитет против болеста, а не на начин што би го нарушиле веќе постоечкиот имунитет.

Поради сите горенаведени факти, тврдењето дека вакцината во три дози убива, исклучува и вклучува имунитет, како и тврдењето дека сите овие небулози биле искажани во меморандум на СЗО од 1972, го оценуваме како невистинито, пишува „Вистиномер“ во новата анализа.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ