Во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на КОВИД-19. Пријавени се вкупно 12 починати лица, а оздравени 333 пациенти, информираат од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.891, бројката на оздравени пациенти е 137.664, на починати е 5.079, а бројот на активни случаи изнесува 11.148.












