• Latest

Граѓаните го следат апелот за пријавување на сајтот за вакцинирање, колективен имунтет се очекува до крајот на летото, смета Филипче

May 10, 2021
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на CCTV+

Кинескиот претседател Си во ненадејната посета на анектираниотТибет

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Граѓаните го следат апелот за пријавување на сајтот за вакцинирање, колективен имунтет се очекува до крајот на летото, смета Филипче

May 10, 2021 15:42
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцинацијата се одвива добро. Вакцинирани се околу 110 илјади граѓани, а сега се вакцинираат оние 170 илјади граѓани кои се пријавиле на сајтот „vakcinacija.mk“ до 30 април. Граѓаните го следат апелот за пријавување на сајтот, а доколку нема нова мутација на вирусот, колективниот имунитет сигурно ќе го стекнеме до крајот на летото, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој денеска во изјава за медиумите посочи дека од 110.000 илјади вакцинирани граѓани, вкупно 23 илјади се ревакцинирани. Додаде дека со истата динамика и оваа недела продолжува процесот на вакцинација, односно со вакцинирање на околу 10 илјади граѓани на ден во сите пунктови низ државата.

-Оние 170 илјади граѓани кои се во прва група до направениот пресек на 30 април, се тие кои сега се вакцинираат, дополнително се пријавени околу 130 илјади граѓани што значи граѓаните добро го пратат апелот да се пријавуваат на сајтот „вакцинација.мк“. Го упатувам истиот апел да се пријавуваат на сајтот, заради тоа што тоа е најпрактичниот механизам и начин да се стигне до соодветен термин за вакцина, рече Филипче.

Тој појасни дека од вкупен број на граѓани кои се пријавени до 30 април, сите веќе добиле или ќе добијат термин до 15 мај.

-Се спушта возрасната граница согласно бројот на пријавени и некаде навистина е до 40 години, во некои градови каде што нема доволен број на пријавени постари граѓани. Бројката на вакцинирани граѓани над 70 години е некаде околу 33 проценти. Ги повикаме и постарите над 70 години, заради тоа што е таа критична категорија на граѓани која што најмногу сакаме да ја заштитиме, додаде министерот.

Како што информира, оваа недела се очекува да пристигнат околу 10 илјади вакцини на Фајзер, по тек на нашиот договор и систем за солидарност на Европската Унија. Според најавите се очекува и донацијата од кинеската армија да пристигне на 15 мај, за време на викендот, и согласно сите тие најави ќе се подготви распоредот за делење на вакцини ширум пунктовите.

Прашан кои се очекувањата во однос на стекнување колективен имунитет, доколку постои можност од создавање на нова мутација на вирусот, министерот Филипче рече дека според претпоставките, евентуална нова мутација на вирусот може да го смени текот на создавање на колективниот имунитет, но не значајно.

-Поголем број на граѓани кои имаат имунитет и покрај тоа што не се официјално евидентирале дека прележале болеста односно дека биле асимптоматски носители. И сега за различна ефективна болест различен е тој процент колку пати повеќе од официјално регистрираните значи дека болеста ја прележале. Епидемиолозите калкулираат со некоја бројка од 3 до 7 пати повеќе од тие 150 илјади кои се кај нас евидентирани, рече Филипче.

Како што објасни, постои и друга динамика а тоа се десетина илјади граѓани кои се вакцинираат на ден согласно достапноста на вакцините, и на тој начин  исто така се гради колективниот имунитет. Појасни оти е непознато не само кај нас, туку секаде во светот, дали некоја мутација на вирусот може да ја смени сликата.

-Претпоставките се дека може да смени, но не толку силно да се изремети целокупниот процес заради тоа што степенот на колективен имунитет сепак ќе ги штити граѓаните, дури и од некоја мутација која може да е ригорозно или полесно да се пренесува. Доколку нема мутација на вирусот и остане вака, колективниот имунитет сигурно ќе стекнеме до крајот на летото имајќи ги предвид сите овие процеси. Доколку има некоја мутација може тоа нешто да измести од проценките, но не значајно, рече Филипче.

Во однос на процентот на колективниот имунитет, тој рече дека најмногу зависи од инфективната болест, но смета дека 60 или 70 проценти за Ковид-19, е сосема доволен процент да се стекне колективен имунитет.

На новинарско прашање дали граѓаните кои се вакцинирале во Србија ќе имаат можност да се ревакцинираат тука, Филипче одговори дека оние кои се вакцинирале со вакцината на Фајзер или на Синофарм може да се ревакцинираат кај нас.

Притоа, како што рече, до крајот на оваа недела ќе има еден посебен дел на сајтот вакцинација.мк а во меѓувреме можат да се пријават преку матичните лекари, и тие ќе добијат термин за ревакцина.

Прашан дали е потребен задолжителен ПЦР тест кај оние кои примиле две дози на вакцини и треба да се оперираат, Филипче рече дека за медицинска интервенција доколку пациентот е ревакциниран тогаш може да биде примен без направен ПЦР тест. Ќе му биде потребна само потврда за вакцинација.

Во однос на прашањето дали се планира да се направат одредени кампањи за вакцинирање или да се доделуваат одредени награди за вакцинираните по принципот на другите држави, Филипче рече дека нема потреба за никаква форма на награда. Оваа дополнителна бројка која што е пријавена до крајот на април, според министерот е добар знак и за сега има добар интерес.

-Дел од кампањите почнаа, дел дополнително ќе започнат и преку Владата и Министерството, и сметам дека за сега одзивот и интересот е навистина добар. Има кампања која сега е активна, што ја започнавме со УНИЦЕФ, другите започнуваат во следниот период. Има видеа кои се снимени со здравствени работници, кои укажуваат на безбедноста на процесот на имунизација, што значи постигнување на колективен имунитет, рече Филипче.

На прашањето кога ќе бидат отворени пунктовите во Струмица, Велес и Прилеп, министерот рече дека во Струмица се очекува пунктот да биде отворен до крајот на неделата, а во текот на следната недела и пунктовите во Прилеп и Велес

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ