• Latest

Преглед на настани: Вртоглава агенда на Заев во Брисел, идентитетот не е тема на преговори, ЦИВИЛ во живо за изборните реформи

May 10, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Вртоглава агенда на Заев во Брисел, идентитетот не е тема на преговори, ЦИВИЛ во живо за изборните реформи

May 10, 2021 17:21
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Вртоглава бриселска агенда на премиерот

Агендата на премиерот Зоран Заев во Брисел е навистина динамична. Тој денеска се сретна со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. На средбата, на која присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Заев упати порака до претседателката Фон дер Лајен за уште поактивно вклучување на ЕК во изнаоѓање решение за деблокада на процесот за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија.

Премиерот Заев уште нагласи дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смее да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел и дека Северна Македонија единствено така ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина.

Премиерот денеска се сретна и со еврокомесарот Вархеји кој ја пречека македонската делегација со пораката дека неговата цел, како и целта на Европската комисија е за време на актуелното португалско претседавање со ЕУ да се прифати преговарачката рамка за Северна Македонија и да се одржи првата меѓувладина конференција за старт на преговорите за членство на земјата во ЕУ.

Билатералната соработка и имплементацијата на Договорот од Преспа ќе бидат темите за кои во четврток, ќе разговараат премиерите на Грција и Северна Македонија Кирјакос Мицотакис и Зоран Заев на нивната средба во Атина.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Заев: Идентитетски прашања не смее да бидат на масата за разговори, Европската комисија ќе се вклучи со уште посилен ангажман во барањето решение за старт на преговорите

„Македонскиот идентитет освен што е прашање на гордост, тоа е и прашање на факти, наука, традиција и национално обележје на нашиот народ. Тој не е и нема да биде предмет на преговори. Европските вредности се водилка за нас, но заштита на идентитетот исто така е европска вредност“, порача на средбата со претседателката на ЕК Фон дер Лајен премиерот Заев.

ЦИВИЛ ВО ЖИВО

ЦИВИЛ во живо со Џабир Дерала, во која ќе слушнете малку повеќе за панел дискусијата „Какви закони, такви избори“, закажана за среда, 12 мај. Исто така, Дерала сподели еден дел од препораките на ЦИВИЛ за изборните реформи. Една изборна единица и сосема нов изборен законик се дел од тие препораки.

ФЛЕШ ВЕСТИ

КОВИД-19 Скратен полициски час, работа на угостителските објекти во отворените делови до 23:30 часот и отпочнување на работа на вежбалните, фитнес центрите и теретаните, се дел од олабавените рестриктивни мерки што Главниот координативен кризен штаб и препорачува на Владата да ги усвои.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ја прими вакцината против Ковид-19.

Сеуште е рано да не се носат маски на отворено, рано е и за свадби и концерти. Вакцинирани се околу 110 илјади граѓани, а сега се вакцинираат оние 170 илјади граѓани кои се пријавиле на сајтот „vakcinacija.mk“ до 30 април.

ИНТЕГРАЦИИ Северна Македонија го одработи својот дел од обврските. Време е ЕУ да испорача, без одложување, бидејќи секоја поинаква одлука ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ пред целиот Западен Балкан.

ПОЛИТИКА Изјавите на еврокомесарот Оливер Вархеји за можно разделување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, предизвикаа бура од негодување во кругови на ЕУ и меѓу познавачите на приликите во Југоисточна Европа.

Идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции на Северна Македонија, се согласиле на средбата во Брисел премиерот Зоран Заев и еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Оливер Вархеји.

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Нејзин домаќин е претседателот Стево Пендаровски, кој ќе ја пречека Зурабишвили пред Вила Водно на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести.

Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателскиот кабинет на церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, со што започна нејзината официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во рамките на неговата посета на Брисел, денеска оствари средба и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, пред денешниот состанокот на министрите на ЕУ во Брисел, изјави дека на ЕУ и е потребен дополнителен политички ангажман и стратешки пристап кон Западен Балкан

ПРАВДА Одбраната на Јовановски бара укинување на пресудата, Јанева не дојде во Апелација.

Судењето за случајот „Титаник” денеска продолжи со изведување на докази. Следното рочиште за овој случај е закажано за 17 мај, за кога се повикани повеќе сведоци.

КУЛТУРА Потпишан Меморандум за соработка во областа на културата меѓу Северна Македонија и Грузија.

ОПШТЕСТВО Независната угостителска комора утринава до Владата доставила барање за измена на јавниот повик за финансиска поддршка на угостителите со цел да бидат опфатени сите угостители на кои со владината одлука од 5 април им беше забрането да работат.

Одделот за специјални полициски операции добива неколку различни нови униформи.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Руските баќушки, намерно или не, ја „рокнаа“ руската химна на својот разглас и го прекинаа Димитров додека говореше за раѓањето на Европската Унија. Вообичаено смирен, тој не се збуни, барем не премногу, па на англиски јазик само рече дека додека трае „ова“, ќе направи пауза. Елегантно, колку може да дозволи една таква приземна ситуација. Упадот на руската химна го нарече „ова“ (this). Таман.

Без оглед на тоа колку и на кој начин „судирот“ меѓу двата настани по повод Денот на Европа, 9 Мај, се должи на некоординираност, па и гаф на организаторите или беше недипломатска грубост и дрскост, не е многу важно. И едното и другото не се изненадувачки. Би било чесно руската страна да се извини, но тоа би било единственото изненадување во оваа ска́зка“ пишува Џабир Дерала во колумната „Короткая ска́зка о достоинстве и порядочности“.

„Не знам зошто се зачудив, но во куќата беше многу чисто. Имаше купишта касети. Слушавме Мајкл Џексон и игравме (плеткавме) мун-волкинг до премаленост. Дојде и Алајдин со онаа негова широка насмевка, беше поинаков – поинаку весел. Ме гушна силно. Не знам зошто. Потоа дојде и Мазес. Носеше еден од оние нејзини долги фустани. Не знам зошто но не сакав да си признам дека беше убава. Игравме дури не се стемни. Ако сакаш преспиј тука не е проблем ми рече Саме. Се заблагодарив и тргнав накај дома“ – пишува Јане Ѓорѓиоски во колумната „Бинас“.

И. Крџиќ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ