• Latest

Објавени седум повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор

May 12, 2021
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Објавени седум повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор

May 12, 2021 12:36
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Објавени се седум јавни повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор. Јавните повици се однесуваат на туристичките агенции, туристичките водичи, естрадните уметници, компаниите организатори на настани, игротеките, приватните детски одморалишта, кабареата, ноќните клубови, диско клубовите и рестораните за свадби.

Јавните повици се усвоени на вчерашната владина седница, а се дел од шестиот антикризен пакет, тежок 17,8 милиони евра, со кој се очекува да се поддржат околу 10 илјади компании кои вработуваат околу 60 илјади граѓани.

– За сите овие јавни повици како основа за пресметка на поддршката ќе се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година. Висината на поддршката се пресметува како износ од 30 проценти од просечниот месечен приход. Дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен според бројот на ефективни работни часови со пресек на 31.12.2020 година, појасни министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Кај туристичките агенции, износот на средства ќе се движи од 60.000 до 300.000 денари, а ќе зависи од остварениот вкупен приход и бројот на вработени во 2019 година, како и од видот на лиценцата.

Така, за туристичка агенција со Б лиценца која имала вкупни приходи до еден милион денари, грантот ќе биде во износ од 60 илјади денари, а за туристички агенции со вкупен приход од еден милион до 2,5 милиони денари, грантот ќе изнесува 90.000 денари. Туристичките агенции кои имале вкупен приход над 2,5 милиони денари ќе добијат грант од 120 илјади денари.

Кај туристичките агенции со А лиценца, оние кои прикажале вкупни приходи во 2019 година до милион денари, ќе добијат грант од 100 илјади денари, оние кои имале приходи до 2,5 милиони денари, ќе добијат 200 илјади денари, додека оние кои имале приходи над 2,5 милиони денари, ќе добијат грант од 300 илјади денари.

Освен туристичките водичи и естрадните уметници, сите останати компании кои на 31 декември лани имале намален број на вработени во однос на почетокот на годината, ќе треба да вратат 50 проценти од доделената финансиска поддршка. Доколку, пак, го задржале истиот број на вработени, ќе треба да вратат 20 проценти од финансиската поддршка, а ако го зголемиле бројот на вработени, тогаш нема да има потреба да ја враќаат добиената финансиска помош.

Во однос на реакцијата на Независната угостителска комора дека со шестиот пакет мерки нема да бидат опфатени сите угостители, Бектеши рече дека нивните барања ќе бидат разгледани. Тој лично не се согласува со оценката дека нема да бидат опфатени најголемиот дел од регистрираните угостителски субјекти.

– Имајќи предвид дека во нашата држава има регистрирано околу 6.000 угостителски субјекти со главна дејност, а веќе имаме над 5.000 апликации, јас не мислам дека условите не се прифатливи за повеќето бидејќи интересот е многу голем, рече Бектеши.

Наскоро се очекува да се најде решение и за фитнес центрите и фото студијата. Веќе следната недела на владина седница, како што најави генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, се очекува да се најде решение и за овие две дејности.

– Фитнес центрите секако се во план и се надеваме дека на наредната владина седница ќе се објави повик за аплицирање за поддршка. Ќе бидат опфатени и фото студијата, изјави Зеќири.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 е забележан пад на бројот на странски туристи за дури 84,4 проценти, додека кај домашните туристи падот е 18,3 проценти.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ