• Latest

Вакцинацијата продолжува според возраста, граѓаните да се пријавуваат преку матичните лекари или на „вакцинација.мк“

May 15, 2021
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Вакцинацијата продолжува според возраста, граѓаните да се пријавуваат преку матичните лекари или на „вакцинација.мк“

May 15, 2021 11:45
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска уште еднаш нагласи дека имунизацијата на населението продолжува да се одвива според возрасната граница. До крајот на следната недела треба да се вакцинираат дополнително пријавените 8.000 постари граѓани и тие ќе имаат приоритет пред помладите.

„Околу 40 отсто од вкупното население над 70 години, веќе е вакцинирано“, нагласи Филипче.

Според него, граѓаните кои се вакцинираа во Србија со „Астра зенека“, а се под 60 години, нема да се ревакцинираат со оваа вакцина, туку со „Синофарм“ или „Фајзер“, а за тоа треба да се пријават кај матичните лекари, пренесува МИА.

 

„Пријавените повозрасни граѓани во Скопје и ширум државата заедно со сите дополнително пријавени по пресекот наоравен на 30 април, ќе бидат вакцинирани до крајот на следната недела и тоа е бројка од 8.000 дополнително пријавени по 30 април. Тие ќе имаат приоритет пред помладите. Затоа е битно сите да знаат дека е потребно да се пријават и да добијат термин за вакцинација – повозрасните преку матичните лекари или директно на сајтот „вакцинација.мк“. Тоа е единствениот начин на кој можеме да ги регрутираме пријавените за вакцинација“истакна Филипче, одговорајќи на новинарски прашања по приемот на новите 100.000 кинески вакцини „Синофарм“ во поликлиниката „Јане Сандански“.

На денот на пресекот, 30 април, додаде, биле пријавени околу 130.000 – 140.000 граѓани, а потоа се пријавени уште близу 150.000.

„Мал број од овие граѓани се повозрасни зашто веќе околу 40 отсто од вкупното население над 70 години е веќе имунизирано. Кога се исцрпува вакцинирањето на повозрасните групи, се симнува возрасната граница. Таму каде што се дополнително пријавени граѓани над 70 години или нешто под, се приоретизираат. Но, ако нема такви, продолжува вакцинацијата со спуштање на возрасната група додека не се вакцинираат сите пријавени на сајтот „вакцинација.мк“, објасни министерот.

И во однос на ревакцинацијата, граѓаните, потенцира Филипче, треба да се пријавуваат преку матичните лекари. Според него, секој има можност да добие термин.

„Граѓаните кои треба да се ревакцинираат со „Астра зенека“, а се под 60 години, тоа, согласно нашиот план, националната стратегија и стручното мислење, не ќе може да го напарават. Кинеската, „Фајзер“, од сите вакцини за ревакцинација има сосема доволна количина, а за тоа треба да се пријават кај матичните лекари. Најдобар механизам за пријавување на граѓаните кои се вакцинираа во Србија е преку матичните лекари. Матичните лекари имаат механизам како да ги пријават граѓаните кои треба да се ревакцинираат преку системот „Мој термин“ кој потоа ќе генерираа термин во делот за ревакцинација. Овој систем е јасен“, подвлече министерот. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ