• Latest

Предлог да останат во сила постоечките рестриктивни мерки

May 18, 2021
Фотографија: Колаж/АП

Шенжен: Трамп повика на дијалог, Си на соработка, Путин на заедничко решавање конфликти

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Предлог да останат во сила постоечките рестриктивни мерки

May 18, 2021 11:27
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Иако последните денови има благо опаѓање на бројот на новозаболени од Ковид-19, Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок донесе предлог да останат во сила веќе постоечките рестриктивни мерки. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 27 случаи со Ковид, од 1.314 тестирања. Почнаа со работа и пунктовите за вакцинација во Струмица и Штип, а продолжи имунизацијата во останатите регионални пунктови. Исто така, на граничниот премин Станке Лисичково – Делчево вчера стартуваше вакцинацијата на пријавените граѓани од пограничниот регион.

Според постоечките рестриктивни мерки, забраната за движење на населението е од полноќ до 4:00 часот наутро, а угостителските објекти работат до 23:30 часот. Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.

Според директорката на ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“, Љубица Митева, завчера во пунктот се доставени 2.500 дози од кинеската „Синофарм“, а вчера од 08:00 часот вакцинацијата тече во најдобар ред. Дневно во регионалниот пункт за вакцинација во Струмица се очекува да се вакцинираат околу 500 граѓани.

-Покрај кинеските имаме 396 дози вакцини „Фајзер“, кои се наменети за ревакцинација на лица над 70 години старост, а денес почнаа да се вакцинираат  лицата кои се пријавени до 30 минатиот месец. Пунктот кој досега работеше во просториите на спортска медицина е затворен и сите граѓани кои имаа термин за денес ќе се вакцинираат во регионалниот пункт, посочи Митева.

Додека, во штипскиот регионален пункт од вчера почна имунизацијата на околу 300 лица со хронични болести, на дијализа, трансплантација на црн дроб, бубрег и петмина кои чекаат трансплантација на срце по список  пристигнат од Министерството за здравство.

Во редот за вакцинација се и граѓаните кои имаат добиено порака преку „Мој Термин“, вчера се имунизираа лицата над 68 години од сите општини од источниот регион, на кој им е пристигната смс порака. Според надлежните, вакцини има, вчера се пристигнати 4.000 од кинеската „Синофарм“ и 1.000 од „Фајзер“. Се очекува од утре веќе и да се намали возрасната граница за имунизација на населението од штипскиот регион.

Според извештајот на Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови  27 случаја на заболени од Ковид-19. Починаа 19 лица, а оздравени се 192 пациенти. На инфективните одделенија низ болниците во државата и во Скопје се лекуваат вкупно 490 пациенти. Има околу 750 слободни кревети во ковид центрите.

Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на пандемијата изнесува 154 725, на оздравени пациенти е 146.043, а на починати е 5.230. Има вкупно 3.452 активни случаи.

Како што информираа вчера од МВР, поради неносење маска на територијата на државава во претходното деноноќие се казнети 469 граѓани, а 16 го прекршиле полицискиот час

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ