• Latest

(ВИДЕО) Панел на ЦИВИЛ: Еднаквоста и недискриминацијата предизвик за мултикултурното општество во кое живееме

May 19, 2021
Руските власти започнаа со инспекција на возила по пријавените експлозии на 16 септември 2025 година. Фото: ХУР

„Операцијата за одмазда“ на Украина во руски Владивосток го погоди 47-от Воздушно-десантен баталјон обвинет за воени злосторства

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Истражна комисија на ОН: Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа

September 16, 2025

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент: Европа мора „да го направи својот дел сега“ пред САД да воведат царини за Кина поради руската нафта

September 16, 2025

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025

На пратеникот на Левица, Сашко Јанчев му се одземени пасошот и возачката дозвола поради сообраќајката во скопско Марино

September 16, 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

(ВИДЕО) Панел на ЦИВИЛ: Еднаквоста и недискриминацијата предизвик за мултикултурното општество во кое живееме

May 19, 2021 15:59
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Какви се состојбите и трендовите во Северна Македонија во поглед на заштитата од дискриминација, со кои предизвици се соочуваат институциите, заедниците, медиумите и општеството во целост во областа на меѓуетничките односи и заштитата од дискриминацијата, кои се перспективите на нашето општество во поглед на промоцијата на европските вредности, а во таа смисла и негувањето на еднаквоста и мултикултурализмот, како и заштитата од дискриминацијата во нашата земја, беа дел од прашањата на кои одговор понудија улесниците на панел дискусијата „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“

„Агенцијата за остварување на правата на заедниците веќе неколку пати годишно, посебно и до министерството за Информатичко општество, базирано врз нашите партиципативни форуми, кои се врста на дијалог помеѓу сите институции и критичкиот невладин сектор, издаде неколку препораки врзани да се промени состојбата со балансерот“ истакна Џељо Хоџиќ од Агенцијата за остварување на правата на заедницит, додавајќи дека балансерот како алатка повеќе дискриминира отколку што помага и дека  денеска онаков каков што е, тој повеќе создава негативна приказна, отколку што помага да се дојде до правичната застапеност.

Зборувајќи за застапеноста во медиумите на помалкубројните заедници во земјата, Хоџиќ истакна дека за среќа сме мултикултурно општество па овој недостаток во медиумите не се чувствува. Сепак, вели Хоџиќ, луѓето кои професионално се бават со мониторинзи и со медиумските програми особено во приватните телевизии, разбираат колку е сериозен проблемот со медиумската застапеност и промоција на помалкубројните заедници.

„Ние веќе година и пол живееме во состојба на пандемија каде што многу неприлики и проблематики излегоа на површина. Но она што јас сакам да го извлечам од оваа состојба, и она што е вашиот панел е еднаквоста. Во состојбава на пандемија сите бевме еднакви, сите бевме дома затворени, сите ги имавме истите стравови, сите имавме недостапност до заштита, вакцини, сите имавме недостапност до некои основни потреби и неможности. Така да, јас сакам на таа состојба да гледам нешто позитивно да извлечам, не вирусот, туку позитивна прилика од сето тоа. А тоа е, мислам како заедница, еднаквоста ја истакнавме како примат, посебно и моментот на хуманитарната поддршка каде што бројни организации, бројни луѓе донираа за секое едно семејство да не почувствува било каква последица од економската криза која ја предизвика пандемијата. Но ако видиме како состојбата се одвива, ете и бројките кои ги спомна директорот всушност кажано во една заедничка или крајна реченица е дека никој не е доволно застапен“, истакна активистката Мерсиха Смаиловиќ.

Зборувајќи за нејзината заедница, Смаиловиќ вели дека вклучувањето на жената бошњакиња во политичките партии е никаква и дека нема некоја жена на водечка позиција на политичките партии, и да има жена на таа не и е допуштено да се истакне.

„Така да ако зборуваме за мојата заедница и она што таа го прави, дискриминацијата е јасна врз жените. Тука е и образованието со кое што се соочува како проблем бошњачката заедница, го имаме правото да учиме на Босански јазик, имаме училишта во кои има босански јазик, но се случува да Бошњаците не сакаат да го искористат тоа право да учат на свој мајчин јазик кој е многу сличен со македонскиот и нема да влијае на вашиот понатамошен развој“, вели Смаиловиќ.

„Присутна е дискриминацијата, расизмот, антициганизмот врз Ромите. Нема ниту еден претставник во законодавната власт, односно нема ниту еден министер кој ќе може да раководи со буџет и ќе може да носи одлуки. Има само неколку советници кои немаат некакво влијание во државата“, вели Ашмет Елезовски директор на Национален Ромски центар.

Што се однесува до Ромите, Елезовски смета дека тие се во целосна изолација.

„Во последната година, Националниот Ромски центар како застапник и еден од оплеменувачите на сите граѓани даваме бесплатна правна помош и среќни сме што Сојузна Република Германија го поддржува ова. Ние ја немаме човечноста. Човечноста е изгубена. Треба да се инфицираме сите со човечноста“, нагласи Елезовски.

Еран Куртиш како директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците на панел дискусијата  се осврна на подобрувањето на помалубројните заедници во сите сфери.

„Ние ги претставуваме заедниците кои се споменати во преамбулата на Република Северна Македонија тоа се Турци Роми Срби, Бошњаци, Власи и уште 20 други заедници кои во преамбулата стојат како други. Бројките се подобруваат секоја година но за жал според Рамковниот договор треба да работиме на овој случај и секојдневно ги следиме ситуациите. Почесто ги посетуваме руралните средини каде што живеат луѓе од помалубројните заедници и следиме како тие живеат таму“, истакна Куртиш.

Панелот беше дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Игор Чадиноски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ