Какви се состојбите и трендовите во Северна Македонија во поглед на заштитата од дискриминација, со кои предизвици се соочуваат институциите, заедниците, медиумите и општеството во целост во областа на меѓуетничките односи и заштитата од дискриминацијата, кои се перспективите на нашето општество во поглед на промоцијата на европските вредности, а во таа смисла и негувањето на еднаквоста и мултикултурализмот, како и заштитата од дискриминацијата во нашата земја, беа дел од прашањата на кои одговор понудија улесниците на панел дискусијата „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“
„Агенцијата за остварување на правата на заедниците веќе неколку пати годишно, посебно и до министерството за Информатичко општество, базирано врз нашите партиципативни форуми, кои се врста на дијалог помеѓу сите институции и критичкиот невладин сектор, издаде неколку препораки врзани да се промени состојбата со балансерот“ истакна Џељо Хоџиќ од Агенцијата за остварување на правата на заедницит, додавајќи дека балансерот како алатка повеќе дискриминира отколку што помага и дека денеска онаков каков што е, тој повеќе создава негативна приказна, отколку што помага да се дојде до правичната застапеност.
Зборувајќи за застапеноста во медиумите на помалкубројните заедници во земјата, Хоџиќ истакна дека за среќа сме мултикултурно општество па овој недостаток во медиумите не се чувствува. Сепак, вели Хоџиќ, луѓето кои професионално се бават со мониторинзи и со медиумските програми особено во приватните телевизии, разбираат колку е сериозен проблемот со медиумската застапеност и промоција на помалкубројните заедници.
„Ние веќе година и пол живееме во состојба на пандемија каде што многу неприлики и проблематики излегоа на површина. Но она што јас сакам да го извлечам од оваа состојба, и она што е вашиот панел е еднаквоста. Во состојбава на пандемија сите бевме еднакви, сите бевме дома затворени, сите ги имавме истите стравови, сите имавме недостапност до заштита, вакцини, сите имавме недостапност до некои основни потреби и неможности. Така да, јас сакам на таа состојба да гледам нешто позитивно да извлечам, не вирусот, туку позитивна прилика од сето тоа. А тоа е, мислам како заедница, еднаквоста ја истакнавме како примат, посебно и моментот на хуманитарната поддршка каде што бројни организации, бројни луѓе донираа за секое едно семејство да не почувствува било каква последица од економската криза која ја предизвика пандемијата. Но ако видиме како состојбата се одвива, ете и бројките кои ги спомна директорот всушност кажано во една заедничка или крајна реченица е дека никој не е доволно застапен“, истакна активистката Мерсиха Смаиловиќ.
Зборувајќи за нејзината заедница, Смаиловиќ вели дека вклучувањето на жената бошњакиња во политичките партии е никаква и дека нема некоја жена на водечка позиција на политичките партии, и да има жена на таа не и е допуштено да се истакне.
„Така да ако зборуваме за мојата заедница и она што таа го прави, дискриминацијата е јасна врз жените. Тука е и образованието со кое што се соочува како проблем бошњачката заедница, го имаме правото да учиме на Босански јазик, имаме училишта во кои има босански јазик, но се случува да Бошњаците не сакаат да го искористат тоа право да учат на свој мајчин јазик кој е многу сличен со македонскиот и нема да влијае на вашиот понатамошен развој“, вели Смаиловиќ.
„Присутна е дискриминацијата, расизмот, антициганизмот врз Ромите. Нема ниту еден претставник во законодавната власт, односно нема ниту еден министер кој ќе може да раководи со буџет и ќе може да носи одлуки. Има само неколку советници кои немаат некакво влијание во државата“, вели Ашмет Елезовски директор на Национален Ромски центар.
Што се однесува до Ромите, Елезовски смета дека тие се во целосна изолација.
„Во последната година, Националниот Ромски центар како застапник и еден од оплеменувачите на сите граѓани даваме бесплатна правна помош и среќни сме што Сојузна Република Германија го поддржува ова. Ние ја немаме човечноста. Човечноста е изгубена. Треба да се инфицираме сите со човечноста“, нагласи Елезовски.
Еран Куртиш како директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците на панел дискусијата се осврна на подобрувањето на помалубројните заедници во сите сфери.
„Ние ги претставуваме заедниците кои се споменати во преамбулата на Република Северна Македонија тоа се Турци Роми Срби, Бошњаци, Власи и уште 20 други заедници кои во преамбулата стојат како други. Бројките се подобруваат секоја година но за жал според Рамковниот договор треба да работиме на овој случај и секојдневно ги следиме ситуациите. Почесто ги посетуваме руралните средини каде што живеат луѓе од помалубројните заедници и следиме како тие живеат таму“, истакна Куртиш.
Панелот беше дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Игор Чадиноски