• Latest
Фотографија: Томислав Георгиев

Пресек: 10 милиони евра гарaнција за Мијалков да се брани од слобода, 26 земји членки на ЕУ заложници на Бугарија, ЦИВИЛ утре за мултикултурализмот во медиумите

May 19, 2021

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пресек: 10 милиони евра гарaнција за Мијалков да се брани од слобода, 26 земји членки на ЕУ заложници на Бугарија, ЦИВИЛ утре за мултикултурализмот во медиумите

May 19, 2021 17:03
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фотографија: Томислав Георгиев

Фотографија: Томислав Георгиев

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја прифати понудената гаранција од 10 милиони евра за бранење од слобода на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков кој е во притвор.

„Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10.871.170,00 евра е прифатлива за обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата“ се вели во одговорот за Радио Слободна Европа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Холштајн: Дваесет и шест членки се држат како заложници од мали национални интереси на една земја која прави штета на целата ЕУ

„За таа тема едногласно треба да се одлучи. Значи 26 земји членки се држат како заложници од некои мали национални интереси на една земја која прави штета на целата Европска Унија и го уништува нејзиниот кредибилитет на Западен Балкан. Не сакам да зборувам за Западен Балкан како наше соседство затоа што Западен Балкан е всушност дел од Европа и тие се поврзани, и ние сме сите поврзани со споделена и заедничка историја, и луѓето и економиите се многу повеќе испреплетени меѓусебе. Германија  од таа страна ја поддржува политиката за проширување, денес фокусот е на Западен Балкан за да се обезбеди сигурност и стабилност на овој дел од Европа“, изјави германската амбасадорка во Северна Македонија, Анке Холштајн, додавајќи дека една силна ЕУ има потреба од силен и стабилен Западен Балкан и тоа отсекогаш било една од клучните цели на ЕУ и на самата политика на проширување.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Панел на ЦИВИЛ: „Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема: „Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“ на 20 мај (во четврток), во хотел Сити Парк (спроти Фонтана во Градски Парк), со почеток во 13 часот.

Учесници на панелот ќе бидат Елида Зулбеари, уредничка на Порталб, Драган Антоновски, директор и главен и одговорен уредник на МИА и Фиљана Кока, заменик претседател на ЗНМ и новинарка во МРТ. Настанот ќе го модерира Дехран Муратов, ЦИВИЛ.

Со кои предизвици се соочуваат медиумите? Која е улогата на медиумите за промовирање на европските вредности и мултикултурализмот во нашата држава?, се дел од прашањата кои ќе бидат поставени на панел дискусијата.

Панел на ЦИВИЛ: Општествена одговорност во промовирањето на различностите и европските вредности

ЦИВИЛ ќе организира панел дискусија за општествената одговорност на интелектуалците и уметниците во промовирањето на различностите и европските вредности, на 21 мај (петок), со почеток во 13 часот, во хотел Сити Парк, во Скопје.

Панел дискусијата е дел од Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ што се спроведува со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото војводство Луксембург.

На панелот се поканети учесниците во Иницијативата кои преку видео пораки ја промовираа мултикултурата и европските вредности, за изградба на општество во кое различностите се почитуваат и доживуваат како предност, богатство и квалитет.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЛИТИКА Премиерот Зоран Заев по средбата со шефот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, излезе задоволен нарекувајќи ја „прекрасна“. Мишел како претседавач на телото каде заседаваат шефовите на држави и влади има привилегиран пристап до сите земји членки и премиерот Заев изрази увереност дека Мишел има разбирање и волја за вистински исчекор во однос на Северна Македонија на претстојните јунски совети на ЕУ кога конечно се очекува свикувањето на првата Меѓувладина конференција, доколку се надмине блокадата на Бугарија.

Дивоградбите во заштитените подрачја да се изземат од законот за легализација, е најновиот предлог на Владата, донесен на последната седница, што се одржа вчера. Владата не се откажува целосно од контроверзниот Предлог- закон што во скратена постапка беше изгласан во Собранието, но претседателот Стево Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување.

Владата ја задолжи Царинската управа да спроведе внатрешна контрола за конкретниот случај, да се испита колкави количини од наведените нафтени деривати се увезени од 2018 до 2020 година и под која царинска шифра е извршен увозот, како и тоа дали податоците во декларациите соодветствуваат со дериватот што е увезен.

ЕКОНОМИЈА Министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија во земјава Сибил Зутер Техада го потпишаа Протоколот за усогласување на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Швајцарија за одбегнување на двојното оданочување, согласно новата даночна конвенција на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и БЕПС стандардите.

ОБРАЗОВАНИЕ Државниот испитен центар ги привршува подготовките за државната матура, на 5 јуни се полага првиот екстерен испит

Соработката што се гради врз основа на образование продуцира долготрајно пријателство, заедничко разбирање и солидарност. Двете пријателски земји, Република Северна Македонија и Република Турција, во континуитет ги унапредуваат билатералните односи и меѓусебно се поддржуваат, а токму во сферата на образованието бележат одлична соработка, беше констатирано на денешната средба во Анкара меѓу министерката за образование и наука Мила Царовска и претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп.

Комисијата за политички системи и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија повикувајќи се на автентично толкување на законот за референдум и други облици за непосредно изјаснување на граѓаните утврдија дека предлогот за покренување граѓанска иницијатива за распишување на референдум за нацрт Законот за дигитализирање на учебниците во основните и средните училиштата, е неуреден и со тоа се одбива барањето на Инцијативата „Учебници и настава мора да има“.

КОВИД-19 На вакциналните пунктови во земјава заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 186.146 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 219.977 дози вакцини, а ревакцинирани се 33.831 граѓанин. Со последните бројки 43% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 33% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

„Маските треба да продолжат да се носат и понатаму и уште е рано да се тргнат како мерка. Угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, а по подолго време треба да се дозволат свадби со протоколи во однос на пополнетост на капацитети во надворешни услови, а не и внатре. Евентуално може да се излезе во пресрет на барање за зголемување на бројот на посетители на една маса“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче пред Арена А1 СЦ „Борис Трајковски“.

ЛАЖНИ ВЕСТИ Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира објавите на некои портали за наводен упад на МВР во телевизија Алфа.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Мрско ми е секое навивање, мрски ми се и долгогодишните светски блебетања за решавање на еден вештачки спор што држи два многу блиски народи, различни само по религија (и не само нив туку цел регион и пошироко) во повеќедецениско страдање и „рат рејс“ (трка на експериментален глушец со себе во тркало во кафез).

Светот, моќните земји, самите Израелци и Палестинци, ако сакаат, можат да најдат решение за тој спор. Се решаваат и се решија многу такви светски спорови. Неколку пати и решението било многу блиско. Но за тоа да се случи, треба да има воља, пред се политичка, но и човечка, да се сопрат децениските страдања“, вели Петрит Сарачини во „До построените зад Палестина и Израел“

Б. Јордановска

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ