ЦИВИЛ денеска организира панел дискусија за општествената одговорност на интелектуалците и уметниците во промовирањето на различностите и европските вредности со почеток во 13 часот, во хотел Сити Парк, во Скопје.
Панел дискусијата е дел од Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ што се спроведува со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото војводство Луксембург.
На панелот се поканети учесниците во Иницијативата кои преку видео пораки ја промовираа мултикултурата и европските вредности, за изградба на општество во кое различностите се почитуваат и доживуваат како предност, богатство и квалитет. Присуство потврдија Перо Арсовски, Дуња Иванова, Агим Пошка и Кристина Арнаудова.
Во 10:00 часот Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се обрати на настан „Акциски план 2021 – 2023 на Собранието на Република Северна Македонија: јавни консултации со граѓанското општество“.
Во 11:30 ќе се одржи седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва и комесарот за соседство и проширување на Европската унија, Оливер Вархеи во посета на Северна Македонија.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.