• Latest

Дерала: Луѓето мора да почнат да разбираат што подразбира самиот збор „вредности“

May 21, 2021
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Дерала: Луѓето мора да почнат да разбираат што подразбира самиот збор „вредности“

May 21, 2021 14:20
in ИЗЈАВИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

-Сосема кратко, бидејќи имам  серија текстови, кои се радувам што се извонредно читани, и се разбира, паралелно нападнати од трол фабриките на ултра десничарите. Основно непознавање е кога ќе кажете „не мораме да одиме во Европа“, во Европска унија.

Прво и основно, никој не не тера да одиме во Европска унија, туку ние молиме да влеземе во ЕУ, а оној што не е задоволен со состојбите во својата земја, кога ќе ја премине границата на својата земја, не гледа кон исток, туку гледа точно кон Европска унија, секако и други земји, но земјите на ЕУ се првите на адреса, таму кај што тропнува, и оној што се наоѓа во тие тајфи. Што исто така е многу сериозно, кога ќе кажете европски вредности, веднаш се мисли на нешто што е поврзано со Европска унија. Се извинувам, ама европските вредности се однесуваат на европските вредности. На вредности кои се произлезени, родени, елаборирани, размислувани, контемплирани, применети, или нападнати, во континентот Европа, исто како што можете да кажете цивилизациски вредности. И во голем дел тие ќе се поклопат. Или ќе кажете- зелени вредности. Кога ќе кажете зелени вредности, дали мислите само на екологија, или мислите само на еден одреден дел од планетата, или на целата планета…

Тоа е исто така и за европските вредности. Вие можете да негувате европски цивилизациски и зелени вредности, без оглед на тоа дали сте членка на Европска Унија, или на некоја друга асоцијација. Мора да се каже веднаш многу гласно дека луѓето мора да почнат да разбираат што подразбира самиот збор „вредности“. Затоа што и нацистите имаат свои вредности, кои се спротивни на европските.

На прашањето од модераторот колку тие европски вредности се застапени во медиумите, Дерала посочи дека тие се многу застапени.

-Апсолутно многу, и тоа не само во оние уредништва каде тоа е основна стратегија на концепт на градење на медиумската продукција, туку во огромен број медиуми може да се препознае латентна националистичка нишка во известувањето, и тоа пред се заради тоа што не се разбираат поимите. Јас не сакам да прејудицирам дека новинарките и новинарите на кои им се испушта да манифестираат извесен националистички, анти-мултикултуралистички став или позиција, туку затоа што некои работи едноставно не се знаат. Знаете, сите ние имаме предрасуди за кои и самите не сме свесни дека ги имаме, и треба да се работи на себе.

Се работи за следново, една работа е да имате политичка волја, или пак уредувачка медиумска, интелектуална волја, човечка волја, да придонесете кон развојот на медиумите во смисла на промоција на мултикултурализмот како едно од основните европски вредности, а друга работа е да имате волја да научите нешто за тоа, да седнете да научите, да ги научите практиките, да видите што значи тоа во филозофска, во општествена, во друга смисла на зборот, па и во смисла на меѓучовечки односи, односи меѓу заедниците. И заради тоа, кога се наоѓате во ситуација да правите медиумска продукција и да информирате, имате многу сериозна обврска. Затоа што една работа е вие да кажете – моја работа е дали јас ќе одгледам патлиџани или краставици оваа година, да, имате право да одгледате патлиџани, или краставици, или двете. Друга работа е кога тоа ќе го изнесете на пазар. Производ кој може да наштети на јавното здравје, тогаш имате одговорност. Истото е тоа, и да ја парафразирам Новозеландската премиерка, која се обрати на Фејсбук, и кажа – вие не можете да правите милијарди од тоа што го правите, од тоа што имате Фејсбук платформа или медиумска платформа, а притоа да не имате одговорност за тоа што се има на вашата платформа, и што се може да предизвика во општеството…тоа го кажа по страотниот трагичен инцидент, во кои загинаа десетици луѓе во Нов Зеланд, од еден терорист пред некоја година.

Имате обврска  да ја сфатите својата одговорност, и како такви да учествувате во медиумскиот или во јавниот сообраќај. Една работа е многу битно да се запомни, а тоа е дека во светот и во Европа постојат најмалку два различни модели, во кои општеството, односно државата ги регулира овие прашања. Имате еден концепт кој е  најпроминентен, најдобро развиен во Соединетите  Американски Држави, каде што одговорноста, потребата да се промовира мултикултурализмот, значи не е само европска вредност мултикултурализмот, е според таканаречениот модел laissez-faire, што значи, да се препушти на настаните, на околностите во општеството, додека во Европа, имате државен интервенционизам. И двете имаат и добри, и лоши страни.

Во Македонија, имате ситуација во која државниот интервенционизам е зависен од политичката волја на оној што е на власт, иако често пати знае да биде обратно од она што го промовира Уставот, односно, што го регулира уставот и законите. Па така, вие имавте еден режим  во кој единаесет години се беше по Устав и по закони, на хартија, меѓутоа, во пракса, имавте едно крајно националистичко однесување, и на власта, и на институциите, и на систематско насилство и репресија, и тоа се реперкуираше  и во медиумите, тешко после тоа можете да видите практика во  медиумите во Македонија да промовираат мултикултура, од некоја изворна генеричка или пак навистина определба која ја прифатиле уредниците, газдите итн. Интервенционизмот во медиумите, во поглед на промовирање на општествени теми како што е мултикултурализмот, подразбира буџетирање, подразбира политики, подразбира едукација, јакнење на јавната свест. Мислам дека во Македонија има голема потреба во тоа, меѓутоа мора подобро да се елаборира, подобро да се разбере, и, што е најважно, мора да се внимава тоа да не стане уште еден начин на развој на клиентелизам меѓу медиумите и власта, изјави Џабир Дерала на панелот на ЦИВИЛ „Мултикултурализам и европски вредности во медиумите“.

Дијана Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ