• Latest

Меѓународен ден на децата

June 1, 2021
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Меѓународен ден на децата

June 1, 2021 16:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Секоја година, Денот на децата се слави во различни земји во светот и на различни датуми. И иако не сите земји го зачуваат истиот датум, постои универзален ден на децата на 20 ноември секоја година, почнувајќи од 1954 година, од страна на Генералното собрание на Обединетите нации. Ова не е само ден за славење на децата онакви какви што се, туку за запознавање на децата со правата кои што ги имаат како и децата ширум светот кои подлегнаа на насилството во форми на злоупотреба, експлоатација и дискриминација.

Потеклото на овој празник датира од 1925 година кога претставници од различни земји се состанаа во Женева, Швајцарија за да ја свикаат првата „Светска конференција за благосостојба на децата“.

Photo by Robert Collins on Unsplash

По конференцијата, некои влади ширум светот назначија посебен  ден за „Ден на децата“ за да ги истакнат детските проблеми. Нема препорачано одреден датум, така што земјите користеа кој било датум што е најрелевантен за нивната култура.

Датумот 1 јуни го користат многу поранешни советски земји како „Меѓународен ден за заштита на децата“ кој е основан на 1 јуни 1950 година по конгресот на Меѓународната демократска федерација на жени во Москва, што се одржа во 1949 година.

Со создавањето на Меѓународниот ден на детето, земјите-членки на ООН ги признаа децата, без оглед на расата, бојата, полот, верата и националното или социјалното потекло, правото на приврзаност, љубов, разбирање, соодветна храна, медицинска нега, бесплатно образование, заштита од сите форми на експлоатација и растење во клима на универзален мир и братство.

Photo by Steven Libralon on Unsplash

Конвенцијата за правата на детето е документ кој има најголем број на ратификации од државите, декларирајќи ја цврсто изразената волја за подобрување на правата на децата, особено изразени со конвенциските одредби за заштита на правата и можноста за партиципација во активности, како и воведување на минимум стандарди за здравствена заштита, образование и социјална заштита, а Република Северна Македонија е земја потписничка на Конвенцијата за правата на детето

Одбележување на Денот на децата е давање на право на децата да уживаат и да прераснат во здрави и образовани граѓани на земјата.  Децата се нашата иднина. Секој од нас мора да придонесе за заштита на децата и обезбедување среќно и безгрижно детство. Децата денес ќе бидат возрасните граѓани утре. Секој од нас ја носи одговорноста да негува силно, здраво и интелектуално детство.

ЦИВИЛ како организација за човекови права и слободи, од почетоците на своето формирање до денес силно и активно се залага за промовирање и застапување на правата на секое дете.

И. Крџиќ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ