• Latest

Заев и Хоџа на средба со Бизнис клубот на Евро-атлантскиот совет: Заедничка цел е што повеќе домашни компании да учествуваат во тендерски постапки на НАТО

June 3, 2021
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев и Хоџа на средба со Бизнис клубот на Евро-атлантскиот совет: Заедничка цел е што повеќе домашни компании да учествуваат во тендерски постапки на НАТО

June 3, 2021 19:53
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржаа работна средба со извршниот директор на Бизнис клубот на Евро-атлантскиот совет, Светозар Јаневски, претседателот Исмет Рамадани, како и со стопанственици членови на раководството на Бизнис клубот.На состанокот се дискутираше за подобрување на деловниот амбиент и економската активност на компаниите, како и за проекти кои се очекува да ги зголемат вработувањата во земјава и да се активираат селата и руралните средини. Дополнително особен фокус беше ставен на ИТ секторот и креирање на додадена вредност, а од страна на стопанството беше нагласено дека согласно истражувањата Северна Македонија е лидер на Балканот во Е-Влада, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев искажа поддршка за идеите кои доаѓаат од деловната заедница, која треба да го придвижи економскиот раст во земјата и ги охрабри стопанствениците да продолжат со плановите за инвестициски циклуси и вложување во човечкиот капитал со цел заеднички да се прилагодуваме на новите и современи економски текови за успешно надминување на предизвиците од глобалната пандемија.

Дополнително се разговараше и за  „NATO procurement process” и можностите македонските компании да пристапат на овој процес и да бидат дел од овој голем комплекс на набавки. Премиерот Заев и министерот Хоџа истакнаа дека приватниот сектор има важна улога во создавањето работни места и приходи за граѓаните, дополнително и преку постојаните иновации што носат нови производи и услуги на пазарот, а со тоа и додадена вредност.

На состанокот беше заклучено дека секој инвеститор сака стабилно деловно опкружување и предвидлив деловен амбиент за што Владата се стреми тоа и да го овозможи. Дополнително беше подвлечено дека со влезот во НАТО и со примената на стандардите на ЕУ, кои треба да станат домашни стандарди се обезбедува сигурност на инвестициите преку механизми за владеење на правото, за намалување на сивата економија, на парафискалните давачки и со борбата против корупцијата.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ