• Latest

Кризната состојба се продолжува до 31 декември

June 8, 2021

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Кризната состојба се продолжува до 31 декември

June 8, 2021 15:58
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието изгласа Одлука да се продолжи за шест месеци рокот за постоење кризна состојба на територијата на државата заради заштита на здравјето на населението и безбедност од ширење на пандемија од КОВИД-19. Со измени на постојната Одлука, наместо 30 јуни 2021, кризната состојба ќе трае до 31 декември 2021.

Против одлуката гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека е непотребно да се продолжува кризна состојба зашто бројот на заразени е намален и дека тоа се прави за да може да се манипулира на локалните избори во октомври.

Пратеникот Бојан Стојановски во излагањето пред да се гласа побара Владата да им достави анализи и извештаи за проценка на ризикот од пандемијата и за потребата од дополнително прогласување кризна состојба.

– Таков документ немаме. Оваа кризна состојба може да се злоупотреби за локалните избори. Дали со ова на власта и се дава таква можност, праша Стојановски.

Не беа изгласани предлозите на ВМРО-ДПМНЕ два предлог-закона, за образование и за здравство, да имаат приоритет и да се преместат во првите точки на дневниот ред  односно Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование во прво читање да биде 12 наместо 41 точка, а Информацијата во врска со актуелните состојби во здравството со осврт и на кризата предизвикана од корона вирусот наместо 52-ра да биде втора точка, веднаш по одлуката за продолжување на кризната состојба.

Поради неисполнети формални услови, не беше прифатен предлогот на пратеникот Димитар Апасиев од Левица – дневниот ред да се дополни со предлог за измени на Законот за пратеници  во одредбите што го уредуваат правото на патни трошоци.

Пред изгласувањето на дневниот ред на 43-тата седница, на кој има 55 точки, пратеникот Апасиев реагираше и на тоа што од собраниска процедура на барање на Владата е повлечен материјалот за Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти бидејќи, рече, Владата е овластен предлагач на законот и може да го повлече како предлог, а не како закон за кој веќе се гласало во Собранието и треба повторно да се разгледува од пратениците откако не беше одобрен од претседателот на државата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери одговори дека Владата поднела барање да се повлече предлогот и дека процедурите согласно со Уставот ќе се уредат со измени на Деловникот во рамки на процесот „Жан Моне“.

Собранието прифати по скратена постапка да се донесат предлог-измени на Изборниот закон, поднесен од пратениците Маја Морачанин, Павле Трајанов и Моника Зајкова, за дополнување на Законот за земјоделско земјиште, измени на Закон за рамноправен регионален развој, поднесени од група пратеници… Не беа прифатени предлозите на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се донесат измени на Законот за служба во Армијата на РСМ и изменување и дополнување на Законот за тутун.

 

Пленарната 43-та седница почна во стариот амбиент – салата „Македонија“ каде што има услови за електронско гласање. Пратениците се вратија таму по неколку месеци работа во Големата сала (купола). Комисијата за заразни болести одобри протокол по кој ќе се одржуваат пленарните седници. Продолжението на 43-тата седница е по редовната пауза.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ