• Latest
Џабир Дерала

ЦИВИЛ во живо: Извршната наредба на Бајден е црвен картон за криминалците во политиката

June 9, 2021
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Рускиот агресор цела ноќ и утрово ги напаѓа украинските региони: Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад [АЖУРИРАНО]

September 28, 2026
Илустрација генерирана со вештачка интелигенција.

Провизии, камати и изгубено време: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ во живо: Извршната наредба на Бајден е црвен картон за криминалците во политиката

June 9, 2021 14:50
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

„Американскиот претседател, Џо Бајден со својот декрет, извршна наредба, практично им даде црвен картон на сите криминалци, корумпирани политичари, политички партии кои се националистички, ектстремни, радикални структури во земјите на Западен Балкан, па така и во Северна Македонија. Тоа се воени хушкачи и структури кои промовираат говор на омраза и негирање на суштински важни меѓународни документи како што е Преспанскиот договор, Охридскиот договор, Дејтонскиот договор во БиХ и други договори кои се таксативно наведени во извршната наредба на американскиот Претседател. Според таа наредба, им се замрзнува имотот и им се забранува влез во САД на политичарите кои се противат на овие договори или ги дестабилизираат своите држави и воопшто регионот“, истакна Џабир Дерала во живо.

„Ова е црвен картон кој мора да послужи како многу сериозно предупредување за оние кои решиле преку криминални или воено хушкачки активности да дојдат до власт. Корупцијата исто така е наведена таму, се наведува дека дел од институциите и различни влади во Западен Балкан се корумпирани, дека корупцијата е широко распространета и дека таа ќе наиде на сериозни мерки од американската администрација.

Тоа е црвен картон кој доаѓа од Вашингтон, но црвениот картон нема да биде доволно ефективен доколку и ние како граѓан(к)и, како општества, не им дадеме црвен картон на воените хушхачи и на криминалците во политиката“, истакна Дерала.

ЦИВИЛ продолжува со своите активности, дебати, панел дискусии за клучни теми во општеството, веќе утре има панел дискусија „Младите и европски вредности“. На таа панел дискусија панелистите ќе зборуваат за европските вредности и за практикувањето на тие вредности. Младите се тие кои треба да направат позитивна промена и да го занемерат тоа што го правеа луѓето од повозрасната генерација кои во многу нешта го нарушија квалитетот на живеењето.

На 15 јуни, ЦИВИЛ ќе одржи настан за хибридните напади/закани против демократијата.

На вчерашната дебата на ЦИВИЛ панелистите истакаа дека европските вредности се возможна мисија. Истото го нагласија и вицепремиерот Артан Груби и координаторот за интеркултурализам Роберт Алаѓозовски кои беа дел од настанот на ЦИВИЛ пред една недела.

Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ