• Latest

10 милиони евра за 23 општини, Кацарска вети отворен суд, европско знаменце за законот за државјанство, ЦИВИЛ утре ќе „вози“ по автопатот на фактите

June 15, 2021

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

10 милиони евра за 23 општини, Кацарска вети отворен суд, европско знаменце за законот за државјанство, ЦИВИЛ утре ќе „вози“ по автопатот на фактите

June 15, 2021 17:57
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

10 милиони евра за 23 општини

Владата ги одобри договорите за меѓусебните права и обврски помеѓу 23 општини за реализација на проекти за граѓаните, со вкупна вредност од 609,9 милиони денари односно 9,9 милиони евра.

Ова се само дел од средствата и проектите обезбедени со одлука на Влада за прераспределба на парите од концесионерот ТАВ, кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип, а сега со нив ќе се финансираат проекти низ општините во целата држава и ќе се прошират капацитетите на аеродромските згради во Скопје и Охрид. Предвидено е вкупно 75 општини да реализираат 99 инфраструктурни проекти, за што се издвоени 35 милиони евра.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Заев: Се прават консултации дали законот за државјанство може да се испрати во Парламентот со европско знаме

„Ако постои таква можност, иако е тоа предлог на Алијанса на Албанците и Алтернатива, ние немаме проблем, бидејќи го усогласивме заедно, да го пуштиме истото законско решение со европско знаменце. Но, во моментов се прават проверки, консултации со стручните служби. Со законодавство со СЕП, за да се види дали таму има точно прецизно јасно дефинирани европски директиви или регулативи“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по повод доделување на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ-програмата.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗАЕВ – БАЈДЕН Премиерот Зоран Заев за МИА открива дека на маргините на самитот на НАТО се сретна со американскиот претседател, Џозеф Бајден, за кого ова беше прва лидерска средба во Алијансата откако стапи на оваа функција. Заев го поканил Бајден во Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

СУД „Бев изненадена кога слушнав дека на вас новинарите ви е забрането да влегувате со мобилни телефони на седниците на Судот. Тој проблем е решен, кога дознав за тоа веднаш дадов налог на генералниот секретар и веќе е известено внатрешното обезбедување дека од наредната седница ќе влегувате слободно со вашите мобилни телефони“, изјави денеска претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

РЕАКЦИЈА Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува грубите дисквалификации и најостро го осудува недоличниот однос на градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко кон новинарката на Алфа ТВ и новинарите присутни на прес-конференцијата во текот на вчерашниот ден на тема дивоградбите во општина Струга.

АНАЛИЗА Активностите во вежбата Одлучен удар 21 која се одржа во втората половина од месец мај на Криволак, не предизвикаа загадување на животната средина – покажа анализата на универзитетската лабораторија АМБИКОН, со која Министерството за одбрана воспостави редовна соработка за мониторирање на влијанието на вежбовните активности на Криволак на животната средина, информираат денеска од Министерството за одбрана.

ОБРАЗОВАНИЕ Унапредување и зајакнување на соработката во образованието и науката, помеѓу Северна Македонија и Србија, како и дигитализацијата во образованието, беа тема на денешниот билатерален состанок во Белград на министрите за образование и наука на двете земји, Мила Царовска и Бранко Ружиќ.

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ Во 2021 година, Северна Македонија се охрабрува значително да ги засили амбициите кон спроведување на Парискиот договор за климатски промени, да ги донесе Законот за клима и Сеопфатната стратегија за климатска акција во согласност со Рамката на ЕУ 2030…

ТЕХНОЛОГИИ Кои се придобивките, а кои се слабостите од користење на 5Г мрежата, дали новата технологија и уредите ќе троши и повеќе струја, кои се безбедносните и здравствени ризици и дали ќе се зголемат цената на услугите и уредите се прашањата, кои граѓаните ги поставуваа во рамки на денешната онлај дискусија за „Дигитална агенда – Сè што сакавте да знаете за 5Г технологијата“.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ утре ќе „вози“ по „Автопатот со факти наспроти беспаќето на опасните дезинформации“

Националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, потполковник Александар Илиев, доцентот при катедрата за меѓународно јавно право, м-р Љупчо Стојковски, уредникот на Вистиномер и Критинк, е-изданија на Фондацијата Метаморфозис, Владимир Петрески и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, се говорници на утрешниот јавен настан на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“. Настанот ќе се одржи во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 11 часот (среда, 16 јуни). Настанот ќе трае 60 минути и ќе се емитува во живо.

ЛАЖНА ВЕСТ И ГОВОР НА ОМРАЗА

Преку фотомонтажа се шири лажна вест и говор на омраза кон активистката Видана

Говор на омраза и навреди упатени кон активистката Видана Бошкова Мицевска, откако на Твитер е објавена лажна вест преку фотомонтажа, односно твит каде што наводно Видана пишала „Ериксон да ви се деси“.

Преку фотомонтажа се шири лажна вест и говор на омраза кон активистката Видана

СЛОБОДНА ЗОНА

„Сите се предавници, само тие се патриоти. Сите се шпиони, само тие се верни македонски синови и ќерки. Да бидеме коректни, бугарските пасоши не ги спомнуваме, нели? Само дека Бугарите ги мразиме, се разбира не повеќе од Албанците, а си ги сакаме само „нашите“. Колку и да не нè сакаат тие“, пишува Џабир Дерала во денешниот едиторијал „Тотално апсорбирани од омразата и неспособноста“.

„Меѓународната заедница, вклучително и САД, немаат повеќе трпение, а ни време, да ги толерираат ваквите идеи, тоа Бајден јасно го кажа во најновиот декрет. Бидејќи во третата декада од новиот милениум ги чекаат поголеми и посериозни предизвици од Мицкоски и Груевски, а тоа се енергетиката, климатските промени, Кина, па и Русија, во која многу бргу Путин ќе дојде под притисок на локалните бизнисмени кои ќе бараат поголема демократија и отворено ќе му кажат – „шефе, олабави малку!““, пишува Александар Николиќ Писарев во третиот дел од анализата „Кој (не) ја разбра пораката од Бајден? (3)“. во кја можете да прочитате и за хипотеките од антиалбанскиот синдром, вистинските причини за креирање и промоција на теоријата на заговорот за „Тиранската платформа“, кој стои зад обидите да се урнат важните договори за мир, стабилизација и прогрес во регионот и низа други факти, заборавени или помалку познати.

„Со сигурност може да се тврди дека ниеднаш одговорните субјекти и администрацијата не покажаа доволно стручност, аналитичност и транспарентност во интервенциите во јавниот простор. Се очекуваше создавање на една зелена визија на градот со присуството на филозофијата на архитектот Јан Гел односно вградувањето на принципот на оплеменување на сите јавни простори во функција на човекот – граѓанинот. Изготвениот Извештај од една мала анализа на центарот на градот базирана на неговата мисла, постулати и критериуми, а координирана од него и неговиот тим, едноставно не се користи (омаложувачки, игнорантски, тажно)“, пишува архитект Даница Павловска Циги во „Кога пилите ќе стивнат“.

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ