• Latest

Илиев: Негирањето на дезинформација не е ефективен метод

June 16, 2021

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Илиев: Негирањето на дезинформација не е ефективен метод

June 16, 2021 14:41
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Дезинформациите се поврзани со повеќе закани за националната безбедност и тие може да имаат ефект на дезорганизирање на властите, да делуваат негативно врз процесот на  донесување политичките одлуки, да создадат поделби и внатрешни судири во општеството, да создадат лажни очекувања и да ја намалат волјата на народот да пружи отпор на евентуален агресор. Дезинформациите честопати се испреплетени со теории на заговор и лажни научни наративи што го прави справување со истите комплексно прашање. Дополнително, интернетот и новите технологии како вештачката интелигенција и методи како користењето “тролови“ и “ботови“, овозможува дезинформациите да се шират глобално, брзо и со висок интензитет“, истакна потполковник Александар Илиев од Министерството за Одбрана  на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.

„На почеток сакам да истакнам дека Министерството за одбрана (МО) ги согледува дезинформациите во контекст на заканите за националната и колективна безбедност како што се климатските промени, пандемии, природни катастрофи, тероризам, конвенционална и  хибридна војна.

За да ја објаснам улогата на МО во процесот на справување со дезинформациите, во моето излагање ќе ги објаснам дезинформациите како закана, ќе ги наведам активностите на МО и научените лекции на кои се засновани и ќе покажам зошто е потребно борбата против дезинформации да биде дел од координиран и сеопфатен напор на власта и општеството во секторите политика, одбрана, економија,   граѓанско општество и информирање.

МО има задача за обезведување на националната и колективна безбедност. Министерството врши детекција и изработува класифицирани проценки за изворите, методите и целите на ширењето дезинформации. Дополнително, Министертсвото е иницијатор за вклучување низа задачи за справување со дезинформациите во Стратегијата за градење отпорност и справување со хибридни закани, која е во завршна фаза на изработка.

При извршивање на своите задачи МО научени лекции и знаења стекнати од својата работа како и од НАТО и ЕУ. Научените лекции укажуваат дека луѓето се подложни да веруваат во дезинформации без разлика на нивниот степен на образование, а клучен фактор за прифаќањето на дезинформација како вистинита информација е степенот на сличност помеѓу изворот на информација и целната популација.

Негирањето на дезинформација не е ефективен метод. Напротив, повторувањето е дури контрапродуктивно. Позитивни резултати се постигнуваат преку создавање способност за критичко размислување и способност за препознавање на методи за манипулација. Добра стратешка комуникација и професионални медиуми се клучни алатки за неутрализирање на ефектите од дезинформации.

Спречувањето говор на омраза е добар метод да се помогне доаѓањето до вистината, бидејќи говорот на омраза е пречка за слободно изнесување различно мислење.

Дополнително, клучно за ефективно справување со дезинформациите е да се сфатат политичките цели на субјектот од кого потекнува заканата и да се сфати поширокиот контекст.

За ефективно справување со дезинформации, тие не треба да се согледуваат изолирано, туку во корелација со активности и настани во политиката, економијата, одбраната и граѓанското општество.

Тоа укажува дека и борбата против дезинформациите треба да биде дел од еден координиран и сеопфатен напор на власта и граѓански от сектор. Оваа борба треба да вклучива и меѓународна соработка која вклучува размена на знаења и информации и заедничко преземање активности.

Токму овие принципи се применети во Стратегијата за градење отпорност и справување со хибридни закани. МО преку транспартентност во својата работа, информирањето на јавноста, меѓународна соработка, соработка со граѓанскиот сектор како и преку детекција и проценка на заканите од дезинформации е еден од клучните чинители во борбата против дезинформации, но тој напор ќе има потполн ефект само доколку е дел од колективен напор, истакна Илиев.

Д.М.
камера: Атанас Петровски / Игор Чадиноски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ