Тема на минатата недела, за која ќе зборуваме во оваа издание на ЦИВИЛ 7, беа изборните реформи. Изборите се вечна тема кај нас, затоа ЦИВИЛ организираше конференција за изброните реформи во пресрет на локалните избори, односно за новите измени во изборниот законик како што системот за верификација на идентитетот на гласачите со отпечатокот од прст.
На конференцијата „Изборните реформи во пресрет на локалните избори: постигнувања и предизвици“, учествуваа министерот за правда, Бојан Маричиќ, Халил Снопче, пратеник и претставник од Алијанса за Албанците, потпретседателка на Државна изборна комисија Дитмире Шеху, Арбер Адеми, претставник на партијата ДУИ и Џабир Дерала од ЦИВИЛ.
Оваа година во очи на изборите да направиме нови препораки и се што може да го подобри изборниот процес на Република Северна Македонија, и да го направи подобар и поблизок до граѓаните, а со тоа да ги мотивираме граѓаните да учествуваат во изборите, изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ на конференцијата ЦИВИЛ на тема „Изборните реформи во пресрет на локалните избори: постигнувања и предизвици“.
Дитмире Шеху, потпретседателка на Државна изборна комисија, истакна дека ДИК спроведе избори за време на пандемија и според извештаите на релевантните тела, има мал број на забелешки за одржување на изборите.
„Околу 200 апарати за отпечаток на прст ќе ни бидат достапни за да тестираме како ќе се одвива гласањето. Околу 4.000 апарати се предвидени за гласањето. Доколку не работи апаратот, тогаш ДИК ќе биде известен, но сепак гласачот ќе има право да гласа, додаде Шеху.
Халил Снопче, пратеник и претставник на Алијанса за Албанците, истакна дека ДИК треба да ги спроведе законите што ги спроведува Собранието.
Арбер Адеми, претставник на партијата ДУИ, нагласи дека проектот на ЦИВИЛ „Европски перспективи (следно ниво)“ е исклучително важен проект со важни општествени теми како што се реформите во образование, борбата со хибридните закани, како и изборните реформи.
„Се залагаме за отворени листи за советници, тоа е тестирање на нашиот изборен модел кое ќе биде тест дали може да се имплементира и во парламентарните избори“ рече Адеми.
Државата има обврска да обезбеди максимални услови за искористување на правото на глас на секоја граѓанка и секој граѓанин – беше категоричен претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.
По недобивањето датум за преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев истакна дека Европа има проблем.
„Големата, визионерска идеја за обединета Европа денес има проблем, а проблемот е самата Европска Унија. Брисел ни порача дека ЕУ не успева да најде начин да ја обезбеди заслужената интеграција на Западен Балкан. Е тоа е проблем. Тоа што 26 земји членки на ЕУ не успеваат да спречат блокада на една земја членка, тоа е проблем на Европа предизвикан од самата ЕУ.
Но ние не сме сами и нема да бидеме сами, ниту изолирани.
Нашиот народ, македонскиот народ и албанскиот народ пред себе имаат ист пат. Имаме иста визија, исти вредности – тоа се европските вредности, а не политиките на ѕидови и поделби“, истакна Заев.
Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски истакна дека европските вредости се наши вредности, а не дека тоа го бара Европа од нас.
Дехран Муратов
камера и монтажа: Ариан Мехмети












