ЦИВИЛ одржува јавен настан на тема „Изборните реформи во пресрет на локалните избори: постигнувања и предизвици“. На конференцијата учествуваат министерот за правда, Бојан Маричиќ, потпретседателката на Државна изборна комисија Дитмире Шеху, членовите на ДИК, Борис Кондарко и Бобан Стојаноски, пратениците Арбер Адеми од Демократска унија за интеграција и Халил Снопче од Алијанса за Албанците и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.