• Latest

Кржаловски: За поуспешни владини политики – повеќе буџетски пари за невладините

June 29, 2021
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кржаловски: За поуспешни владини политики – повеќе буџетски пари за невладините

June 29, 2021 15:42
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Перцепцијата како нè гледаaт граѓаните, МЦМС околу 20 години го следи ова прашање и да бидам искрен не се смени многу мислењето. Поделбата е поделена на три третини, една третина мислат дека сме ОК и дека сме добри. Главниот стереотип е дека невладините се пералница на пари и за жал ние 20 години им објаснуваме: можете да нè обвините дека сме корумпирани, дека крадеме, ама не може за пералница на пари да нè обвинувате, бидејќи парите стигнуваат од легални извори во легални сметки“ – истакна Александар Кржаловски, извршниот директор на МЦМС, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?“.

„МЦМС 15 години нема исплата во кеш. Еве, на банерите на ЦИВИЛ ги гледаме кои се донаторите, може да се кликне на тие веб страници и да се види кои се донаторите, така што не може да бидеме пералница на пари. За жал, како невладини организации не успеавме да го срушиме овој стереотип“ – изјави Кржаловски.

Кржаловски потврди дека релативно голем број на фондови пристигаат во нашата држава, главно се од странски извори, во споредба со други држави. Како пример, тој ја посочи Словенија која никогаш немала странски донации.

„Кај нас, за жал или за среќа, многу средства стигнуваа од странски држави. И ден денес е така. Бидејќи сè уште не преговараме со Европска унија, тоа го зајакнува стереотипот за странски шпиони“ – рече Кржаловски.

Кржаловски сподели неколку интересни податоци за финансиската слика на граѓанските организации.

„Буџетите на сите невладини заедно се, отприлика, меѓу 90 и 130 милиони годишно во Македонија. Тоа е концентрирано во 300-500 организации кои имаат над 2.5 илјади евра приходи кои така ги пријавуваат. Ама, голем број од граѓанските организации, околу 6.5 ијлади или, сосе тие неизбришаните од претходниот закон, вкупно 15 илјади невладини, немаат средства, не располагаат со големи пари, односно функционираат на принцип на членарини и слично“ – открива Кржаловски.

Сепак, иако на прв поглед се работи за средства до 130 милиони евра, во реалноста тој износ е понизок.

„Има двојно сметање, односно, кога ќе стигнат пари во МЦМС, ние ги канализираме до други организации, се смета дека стигнале и кај нас и кај таа друга организација, така што реалноста е околу 50 до 70 милиони евра, што за некој се гледаат многу пари и така се одржуваат овие стереотипи“ – објасни Кржаловски.

Од друга страна, според Кржаловски, целиот придонес на Европската унија кон Македонија со ИПА фондовите е 70-80 илјади евра што значи дека граѓанските организации придонесуваат со сличен обем, ама Европската унија се гледа како голем донатор и голем поддржувач во развојот на Македонија, а ние не сме тие.

„За жал, имаме премногу странски извори и затоа е таа перцепција, а би требало да е обратно, од тие сите пари само 10 милиони евра се од државниот буџет. За споредба во Србија се издвојуваат 120 милиони евра од државниот буџет за граѓанскиот сектор, Хрватска има 230 милиони евра, Словенија е колку нас голема но има 300 милиони евра. Кога државата ќе почне да дава пари на граѓанскиот сектор, тогаш ќе се смени стереотипот за странски шпиони. Дали ќе станат приврзоци на политички партии, ќе видиме кога ќе дојде до таква ситуација“ – констатира Кржаловски.

Според првиот човек на МЦМС, државата е таа што треба да ги финансира граѓанските организации, особено оние кои ја критикуваат, бидејќи тоа е основата на граѓанското општество во западните демократии.

„Изгубена е врската меѓу граѓанските организации и граѓаните. Можеби тоа е затоа што сме повеќе орентирани кон донаторите отколку кон граѓаните, и таа врска треба да се јакне и да се негува и на крај да премине финансирањето од тие граѓани кои ќе видат бенефит од таа организација“ – рече Кржаловски.

Тој како пример посочи една граѓанска организација од Холандија, Здружението на велосипедисти на Холандија, која е 175-годишна организација, формирана кога излегле првите велосипедисти. Тие се залагаат за заштита на велосипедистите и слично, но сега во Холандија секој вози и има околу 15 милиони членови. По само 1 евро од човек тоа се 15 милиони евра само од членарина на организацијата. Буџетот им е доста поголем, бидејќи не е едно евро членарината, но видоа луѓето дека од тоа има корист и затоа во Холандија е така како што е. Велосипедот е главно превозно средство, бидејќи здружението работи во интерес на велосипедистите.

„Тоа треба да го пренесеме во нашите работи, да ја зајакнеме врската со граѓаните за кои постоиме и работиме и тоа да се пренесе за неколку години и во финансирање на самите организации“, нагласи Кржаловски.

Обработка на текст: Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ