ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани, своите членови, поддржувачи, активисти да ги посетат инфо –штандовите на ЦИВИЛ, утре во Струга и Кичево, посветени на промоција на европските вредности, недискриминацијата и мултикултурализмот.
Граѓанките и граѓаните заеднички со тимот на ЦИВИЛ, во директна комуникација, ќе имаат можност да ги споделат своите размислувања и ставови во однос на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата.
Освен информативен материјал за проектните активности на проектот „Европски перспективи ( следно ниво)“ граѓанките и граѓаните ќе можат да се информираат и за другите компоненти на овој сеопфатен и комплексен проект.
Инфо-штандовите се дел од проектот „Европски перспективи“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.