• Latest

Забрчанец: Потребна е проактивност, наместо реактивност во борбата со дезинформациите

July 8, 2021
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
Илустрација ВИ

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата

November 3, 2025

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Забрчанец: Потребна е проактивност, наместо реактивност во борбата со дезинформациите

July 8, 2021 13:07
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
„Потребна е поголема проактивност, наместо реактивност во борбата против дезинформациите и лажните вести. Ние ја имаме јасната приказна, јасните вредности и не треба да се криеме. Треба да го искористиме тоа за промоција на нашите вредности“, изјави националниот координатор за комуникации, Марјан Забрчанец на регионалната конференција „Ширењето на дезинформациите за време на пандемијата и нивното влијание на Западниот Балкан“, во организација на Регионалниот совет за соработка.

Според Забрчанец потребни се неколку чекори во проактивноста, како што е засилена активна транспарентност, користење на дигитални комуникации, соработка со засегнатите страни и зајакнување на медиумската писменост.
„Ние сме на главниот пат и ги промовираме цивилизациските вредности. Противниците наши се во мрачните тунели, кои користат дезинформации и ботови“, рече Забрчанец и додаде дека случајот со лажните вести од Велес за американските избори во 2016 биле аларм за будење на нашите институции за преземање на конкретни чекори во борбата со дезинформациите.
„Случајот Велес не направи познати по извозот на дезинформации, иако тогаш како држава не можевме да преземеме ништо, бидејќи вестите се споделуваа на платформи во САД. Овој случај ги алармираше институциите во Северна Македонија и не натераа да размислуваме за модели за превенција на вакви напади на демократијата. Моделот за кој зборуваме е развиен, делумно, благодарение на случајот Велес“, кажа Забрчанец.
Нагласи дека особено е потребна брза реакција во кризни моменти, а такво е искуството за време на пандемијата.
Тој нагласи дека Владата пред почетокот на пандемијата, првпат креирала и воспоставила протокол за кризни состојби како стандард за комуникации.
„Кога нè погоди пандемијата, имавме документ во наши раце и имавме можност да започнеме со имплементација на сосема нов протокол. Како прво правило требаше да имаме одговор веднаш и да бидеме први што споделуваат информации во реално време, на пример откако ќе добиеме податок за бројката на нови случаи или мерки. Ние први излегуваме и ги споделуваме фактите“, изјави Забрчанец.
Тој додаде дека се водела вистинска трка помеѓу информациите и фактите од една страна и од друга дезинформациите и оние кои споделувале лажни вести и лаги.
„Во многу случаи ние први ги споделувавме информациите, а непријателите не следеа споделувајќи реакции со дезинформации. Се разбира, вообичаено се случува спротивното, ние сме тие што реагираат на дезинформација, но кога како Влада информациите ги имаме во наши раце, многу е корисно да ги споделиме јавно, да не ги криеме, туку да бидеме проактивни, транспарентни и да ги споделуваме фактите и информациите со јавноста“, кажа Забрчанец, што се поврзува со изјавата од неговото учество на јавниот настан на ЦИВИЛ „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.
„Мислам дека први во регионот организиравме онлајн конференции за печатот“, изјави тој и додаде дека уште кај нас се користи моделот за прес-конференции преку „Зум“, каде министерот за здравство речиси секојдневно ги брифирал новинарите за најновата сосотојба со коронавирусот и одговарал јавно на сите поставени прашања.
„На прво место е неопходна соработка со медиумите и новинарите, со медиуми и одговорни организации кои во вистинско време можат да одговорат на должноста, да споделат факти и точни информации, односно да ги споделат новите мерките со граѓаните“, вели Забрчанец.
Тој кажа и дека неопходно е да се активираат и проверувачите на факти, затоа што во контекст на „брз одговор“, тоа значи итна реакција на дезинформацијата.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ