• Latest
Венко Филипче, министер за здравство/Фото МИА

Филипче: Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки, акцентот да се стави на вакцинацијата

July 9, 2021

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки, акцентот да се стави на вакцинацијата

July 9, 2021 16:44
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Венко Филипче, министер за здравство/Фото МИА

Венко Филипче, министер за здравство/Фото МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во моментов ситуацијата поврзана со пандемијата предизвикана од корона вирусот е стабилна и нема потреба да дополнителни рестриктивни и мерки за заштита од оние кои веќе се на сила. Политиката на затворање се спроведуваше во периодот кога не беа достапни вакцините. Сега кога го има и кога се достапни акцент треба да се стави на процесот на вакцинација, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Во тој контекст тој најави дека од понеделник почнува теренска вакцинација и вакцинирање на граѓаните без закажување.

Тој информира дека според информациите со кои располага во лабораториите во земјава не е секвенциониран нов случај на делта сој на корона вирус освен постојните. Но, рече, од МАНУ го информирале дека има четири случаи кои треба да бидат секвенционирани, а се суспектни на јужноафричкиот сој.

-Политиката на рестрикции и затворања беше практика во времето кога немавме вакцини, а сега треба да се фокусираме на вакцинирањето за да не живееме во рестрикции, рече министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Тој додаде дека подготовките за теренска вакцинација се при крај и оти наскоро се очекува и објавување на распоредите за нејзино спроведување.

-Сега нема потреба од нови мерки, затоа што ситуацијата е прилично мирна. Вакцинацијата треба да биде фокусот, а не да живееме во рестрикции. Гледаме дека и Англија, иако има нови случаи, се попуштаат мерките. Да не живееме затворени, туку да се вакцинираме масовно, рече Филипче.

Тој додаде дека сите вируси, особено РНК вирусите многу мутираат и оти може да се очекуваат и нови мутации освен постојните. Тоа, нагласи, не значи дека треба да се затвораме и да има рестрикции, туку масовно да се вакцинираме за да кој било следен бран го дочекаме подготвени, бидејќи некои од предвидувањата се дека оваа состојба може да потрае, иако не може да се каже со сигурност.

Министерот Филипче истакна дека досега се вакцинирани околу 50 проценти од лицата над 70 години, околу 40 проценти од лицата над 60 години, затоа, според него, сега треба да се стави акцент и на помладите лица.

Тој најави дека денеска во земјава треба да пристигнат 100 илјади дози вакцини „Астра Зенека“ донација од Грција.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ