• Latest

Северна Македонија станува коридор за природен гас, образованието е најмоќна алатка, МНР со реакција за територијалните претензии на Бугарија

July 9, 2021
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
Илустрација ВИ

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата

November 3, 2025

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Северна Македонија станува коридор за природен гас, образованието е најмоќна алатка, МНР со реакција за територијалните претензии на Бугарија

July 9, 2021 17:53
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Северна Македонија и Грција потпишаа Договор за изградба на интерконектор за природен гас

Министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за животна средина и енергија на Република Грција, Костас Скрекас, денеска во Атина го потпишаа Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција-Северна Македонија. На потпишувањето на договорот присуствуваа претседателот на Владата Зоран Заев, заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, извршниот директор на „Национални енергетски ресурси“ АД Скопје, Бајрам Реџепи, како и амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Грција, Џефри Пајат.

Со потпишувањето на овој Договор се гарантира намерата на Владите на двете земји да ја прошират постоечката соработка во енергетскиот сектор, со цел да ја зајакнат соработката во секторот за гас преку промовирање на интерконекцијата на нивните гасни системи.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Царовска: Oбразованието е најмоќна алатка за позитивна трансформација на општеството

„Реформите кои ги правиме во образованието ќе им помогнат на младите да прераснуваат во добри луѓе кои ќе знаат како да ги почитуваат различностите во општеството, односно соживотот со различни од себе, да го сметаат за придобивка. Ќе знаат да ја ценат важноста на родовото прашање, да разликуваат добро од лошо, да препознаваат и да одбегнуваат иницирање на секаков облик на насилство, вклучително и говор на омраза кој е особено застапен на интернет-просторот. Фокусирани сме и на медиумска писменост и препознавање и ненаседнување на лажни вести и овие теми се исто така дел од новите наставни програми изготвени врз основа на усвоена нова Концепција за основно образование во мојата земја,“ потенцираше Царовска.

ФЛЕШ ВЕСТИ

РЕАКЦИЈА Министерството за надворешни работи ги осуди предизборните спотови објавени во Бугарија во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон нашата држава.

ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА Словенија е голем поддржувач на евроинтеграцијата на Северна Македонија.

ДУБРОВНИК ФОРУМ Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска и утре ќе учествува на традиционалниот Дубровник форум, оваа година тематски насловен „’Пост’ – пандемиска геополитика – заедништво во поделен свет”.

РДФ Нема да се дозволи увоз на РДФ додека не се обезбедат услови за соодветна контрола.

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ Народниот правобранител апелира до организаторите на протести, од било кој вид, како и до родителите/старателите да внимаваат во поглед на инволвирање на децата во истите.

СРЕБРЕНИЦА Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денес имаше средба со Ферид Мухиќ, Илија Николовски и Зеќир Рамчиловиќ, во знак на симболично одбележување на годишнината на геноцидот во Сребреница.

КОВИД 19 Нема потреба од нови рестриктивни мерки, акцентот се става на вакцинацијата.

Вакцинирани 27 лица со интелектуална попреченост од Заводот за рехабилитација на деци и млади во Топанско Поле како дел од теренската вакцинација против Ковид 19.

МРЕЖА

„Ај прво симнетеги она врховистине од бронзенине коњи што ги натопуривте по скопјево па после продавајте патриотски резолуции и идентитетски пуфки“, коментира Зоран Иванов на својот Фејсбук профил.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Со оваа „резолуција“ само уште еднаш се манипулира јавноста и се прави обид да се киднапираат процесите. Евтин трик за политички профит пред локалните избори. Нелогично е да се бара донесување резолуција за нешто што веќе е државен став – не се преговара за јазикот и идентитетот во ниту еден процес. Повеќе од доволно е да се каже и дека предлогот доаѓа од политичка партија која направи сѐ што можеше и не можеше да се замисли за да ја оддалечи земјата од евроатлантските интеграциски процеси. И ја разедини и ограби земјата“ пишува Џабир Дерала во „Резолуција за национални интереси или политичко профитерство и киднапирање на процесите?“

 

Ирена Крџиќ

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ