Заев: Ја поддржуваме Резолуцијата, но уставното име на државата мора да се почитува
СДСМ ја поддржува Резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и целосно стои зад заштитата на македонскиот јазик и идентитет, но Уставот во однос на името на државата мора да се почитува, рече денеска премиерот Зоран Заев.
Заев напомена дека во документот, секаде каде што се наведува името на државата, треба да стои Република Северна Македонија.
-Ако некој сака да го избегне уставното име, нека го прави тоа сам, ние тука нема да партиципираме. Нема да го кршиме Уставот. Уставното име на државата е Република Северна Македонија. Ја поддржуваме Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе застанеме зад неа, на сите да им биде јасно дека сме сите заедно застанати во заштита на македонскиот јазик и идентитет, но тоа не значи дека треба да го кршиме Уставот, напомена Заев.
Со размена на искуствата ги надминуваме пречките
„Дали различностите се богатство или проклетство“, е прашањето на ЦИВИЛ на кое одговори активистот Фари Хисени.
„Сакам да истакнам дека ако нашето општество се одликува по нешто, тоа е богатството од различности, богато со многу различни групации, многу различности. Колку се почитуваат овие различности, зависи од кој агол гледаме. Бидејќи во нашата земја различностите најчесто се позитивно богатство, кое треба да се негува и да се извлече поука од различните култури и бекграунди.
Поделбата помеѓу културите, групите и заедниците во општеството доаѓа од меѓусебното непознавање, бидејќи во моментот кога две личности со различни потекла разменуваат искуства од културните елементи што ги поседуваат, тогаш пречките и разликите се надминуваат. Но, кога немаме желба да се запознаеме меѓу себе, тогаш создаваме предрасуди за другите и ги дискриминираме.“, порачува Хисени.
Различни, а сите заедно, можеме земјава да ја направиме уште поубаво место за живеење
Дали различностите се богатство или проклетство во нашето општество? На ова прашање одговара м-р Иван Дургутов, активен член на Европското здружение на студенти по право (ЕЛСА) и колумнист во Фронтлајн.мк.
„Различностите во оваа земја може да се само богатство никако не може да се проклетство. Да се има различности во повеќе погледи во територијата на една земја, историски, во сегашноста и во иднината може да претставува само богатство. Ако видиме, има многу работи кои всушност нè прават слични отколку различни, всушност сфаќаме дека тие различности не се толку големи.
Да се биде дел од вакви иницијативи кои промовираат и ја подржуваат различноста за мене секогаш претставувале поттик и можност да се кажат убави зборови и да се испрати една порака дека заедно сите коишто поседуваме некаква различност можеме да ја направиме оваа земја да биде уште поубаво место за живеење.
Ние младите луѓе треба да бидеме носители на промените во оваа земја и ние треба да ја направиме разликата токму почитувајќи ги различностите“, истакна Дургутов.