“Дали различностите се богатство или проклетство“, е прашањето на ЦИВИЛ на кое одговори активистот Фари Хисени.
„Сакам да истакнам дека ако нашето општество се одликува по нешто, тоа е богатството од различности, богато со многу различни групации, многу различности. Колку се почитуваат овие различности, зависи од кој агол гледаме. Бидејќи во нашата земја различностите најчесто се позитивно богатство, кое треба да се негува и да се извлече поука од различните култури и бекграунди.
Поделбата помеѓу културите, групите и заедниците во општеството доаѓа од меѓусебното непознавање, бидејќи во моментот кога две личности со различни потекла разменуваат искуства од културните елементи што ги поседуваат, тогаш пречките и разликите се надминуваат. Но, кога немаме желба да се запознаеме меѓу себе, тогаш создаваме предрасуди за другите и ги дискриминираме.“, порачува Хисени.
Д. Тахири
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска