Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на промоција на „Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023“, што се одржа во Клубот на пратеници во Скопје, рече дека гарант за целосно и навремено имплементирање на предвидените активности во следните две години е формирањето на Национална комисија за следење на националната стратегија и на нејзиниот акциски план.
„Основната цел на стратегијата 2021-23 е да придонесе за зајакнување на капацитетите на сите национални надлежни институции и на нивна координација и соработка во водењето на финансиските истраги и следењето на текот на парите, како и откривање на можно прикривање и пренесување на нелеглано стекнат имот. Активностите ќе придонесат за надминување на проблемите во правната и институционална рамка во однос на спроведувањето на финансиските исграи. Стратегијата предвидува поттикнување на проактивност на институциите вклучени во финансиските истраги со што овозможува водење на паралелна финансиска истрага со криминалистичката истрага. На овој начин се елиминираат ризиците од прикривање, распродажба или изнесување на противправно стекнат имот надвор од државата“, изјави Николовски на промоција на „Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023“, што се одржа во Клубот на пратеници во Скопје.












