• Latest

Состојбата со коронавирусот во државата засега е стабилна, имунизацијата на населението се одвива непречно на сите пунктови

July 22, 2021
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Состојбата со коронавирусот во државата засега е стабилна, имунизацијата на населението се одвива непречно на сите пунктови

July 22, 2021 09:39
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжува трендот на намален број на новозаболени лица од коронавирусот во државата. Според вчерашните податоци објавени од Министерството за здравство, регистрирани се 15 нови случаи, а нема починати лица.

Во текот на деноноќието меѓу вторникот и средата направени се вкупно 2.550 тестови, а вкупниот број на активни случаи во државава вчера изнесуваше 234.

Министерството за здравство информира дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен,  вакцинирани се вкупно 467.822 граѓани.

Според податоците, досега прва доза примиле 3.686 граѓани, аплицирани се 760.961 дози вакцини и ревакцинирани се 293.139 граѓани.

Според последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено 60 отсто од населението над 70 години, 58 проценти од граѓаните над 65 години, 53 отсто од оние над 60 години и 43 проценти од лицата над 50 години, информира Министерството за здравство.

Веб-страната vakcinacija.mk е отворена за закажување на термини за вакцинација на децата.

Додека состојбата со делта сојот во нашата држава засега е стабилна, Светската здравствена организација е загрижена за ширење на сите четири видови на вирусот. Од СЗО во текот на вчерашниот ден соопштија дека се зголемува и бројот на земји и територии каде циркулира многу заразниот делта сој на корона вирусот.

Според последните податоци на СЗО, бројот на земји во кои е регистрирано присуството на делта сојот е зголемен за седум од 13 јули и сега тој е присутен во 124 држави.

Експертите тврдат дека делта сојот брзо ќе се прошири и ќе ги засени другите варијанти, а потоа ќе стане доминантна мутација на Ковид-19 во следните години.

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на вчерашната 138. Седница на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), предупреди на закана од поопасен вид на корона вирус од делта сојот.

– Колку е по распространет вирусот, толку повеќе варијанти ќе се појават, со потенцијал да станат уште поопасни од варијантата Делта, која прави толку многу штета во моментов. И колку повеќе варијанти има, толку е поголема можноста некои од нив да бидат неранливи на вакцините – и сите ќе се вратиме на почетокот, рече Тедрос.

Според него, пандемијата на корона вирусот е тест со кој светот сè уште не се справил и додава дека до крајот на Олимписките игри во Токио, на 8 август се проценува дека во светот како последица од корона вирусот ќе починат повеќе од 100.000 луѓе.

Ревакцинацијата во нашата држава продолжува да се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Досега во земјата се направени вкупно 935.282 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.965, бројката на оздравени пациенти е 150.243 а починати се 5.488 лица.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ