Во денешниот избор на изјави на денот, вицепремиерот Димитров за причините на намалувањето на довербата од страна на граѓаните за членството во ЕУ, премиерот Зоран Заев за функционирањето на правдата, претседателот на Србија, Александар Вучиќ за „мини Шенгенот“ на Балкан.
„Повторното одложување на почетокот на пристапните преговори што претставува неспроведување на одлуката донесена од Советот на ЕУ во март 2020 година, заедно со поставувањето услови кои не се на линија на европските вредности и критериумите за членство, имаат одраз врз поддршката на граѓаните за европската перспектива на земјата“, велат од кабинетот на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
“Имаме повеќе од пет високи политичари кои се во затвор со конечна одлука од Основен и Апелациски суд и кои веќе ги отслужуваат своите казни. Ова е голем успех во споредба со периодот од пред четири години и тоа е многу очигледно. Секој граѓанин може да го следи трошењето на државните пари, сите процедури за набавка се јавни пред да се потпишат и да отпочнат. Сега во главниот фокус ни е дигитализацијата, бидејќи преку неа сакаме да го промениме субјективното однесување на јавната администрација, изјави премиерот Зоран Заев во емисијата „Конфликт зоун“ на „Дојче веле“.
„Ќе се обидеме да се договориме и за други работи на оние земји кои им припаѓаат од Малиот Шенген, кого ќе му дадеме име затоа што нема никаква врска со Шенген. Ќе покажеме дека можеме да одиме уште подалеку. Ако имаме шест или осум ленти за луѓето што доаѓаат од ЕУ, ќе имаме посебни ленти за луѓето од регионот или за овие три земји да можат побрзо да поминат, луѓето да ја видат придобивката – да можат да поминат побрзо од оние што доаѓаат од ЕУ“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.