• Latest

За почеток на денот: Подготовки за регионална конференција на ЦИВИЛ, политичките партии на терен, рекреација на Попова Шапка, „Пинокио“ во Градски парк

July 25, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

За почеток на денот: Подготовки за регионална конференција на ЦИВИЛ, политичките партии на терен, рекреација на Попова Шапка, „Пинокио“ во Градски парк

July 25, 2021 09:32
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Дежурната екипа на ЦИВИЛ јавува дека течат подготовките за голема регионална конференција за нападите врз демократијата и човековите права во Западен Балкан, што ќе се одржи в среда, 28 јули, а која се организира во соработка со Балкан Форум. Најавени се гости од сите земји на регионот, како и меѓународни експерти. За денеска се најавени повеќе детали за конференцијата.

ПОЛИТИКА Политичките партии ќе продолжат со интензивни активности на терен. Мониторингот на ЦИВИЛ секојдневно прави и објавува извештаи за активностите на политичките партии во изборен, но и во поширок контекст.

ВАКЦИНАЦИЈА Од понеделник, 26 јули, граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина за ковид-19, може да закажат вакцинирање во домашни услови (кликнете на линкот за повеќе информации и телефонски броеви од здравствените домови низ земјата).

РЕКРЕАЦИЈА Попова Шапка ќе промовира летни активности на планината, со почеток во 10 часот. Своевремено Попова Шапка, иако зимски рекреативен центар, не беше активна ни зиме, но сега промовира и летни активности.

ЗООЛОШКА Со проекцијата на филмот „Пинокио“ во 20:30 часот вечерва во Градски парк на „Школка“, ќе почнат низата настани со кои ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошка градина – Скопје. Од Зоолошката градина информираат дека во текот на наредните месеци се планирани едукативни и забавни настани во градината.

ТОПЛОТЕН БРАН УХМР најавува дека следува период на стабилно и многу топло време. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува од средината на следната седмица. Најтопло ќе биде в среда, со максимална температура од 34 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. На медиумската платформа на ЦИВИЛ може да се најдат повеќе содржини за климатските промени.

Дел од најавите се од сервисот на МИА.

Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ