• Latest
Артан Груби на настан на ЦИВИЛ. Извор: Архива на Цивил Медиа

Груби: Рамковниот договор ни ги отвори евроатлантските перспективи

July 27, 2021

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Груби: Рамковниот договор ни ги отвори евроатлантските перспективи

July 27, 2021 16:02
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Артан Груби на настан на ЦИВИЛ. Извор: Архива на Цивил Медиа

Артан Груби на настан на ЦИВИЛ. Извор: Архива на Цивил Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

На денешната тематската седница на Владата по повод 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор, се обрати и првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој го истакна значењето на одбележувањето на јубилејната годишнина на Рамковниот договор, како значаен документ, којшто донесе мир, го промени Уставот и општеството и ни ги отвори евроатлантските перспективи.

„Мотото на прославата е „По Охрид“, а програмата започнува вечерва со изложба во Мала Станица во Скопје со дела од уметници од сите заедници во земјава, ќе следува театарска претстава. Предвидена е и седница на Собранието, конференции на три универзитети, концерти, вклучување на немнозинските заедници и невладините организации, настани во Струга, Кичево и Чаир како општини кои што се директен резултат од имплементацијата на договорот… Програмата ќе финишира на 13 август со конференција во соработка со Универзитетот Колумбиа од Њујорк, со учеството на државниот врв, но и на пријателите од меѓународната заедница, од НАТО, ЕУ, ОБСЕ и САД и гости кои помогнаа со надминувањето на кризата и Рамковниот договор, како и со екслузивен концерт на Рам Лахај со нашата филхармонија и прием. За најмладите планираме концерт вечерта на плоштад“, рече Груби на тематската седница на Владата.

-Истовремено, во соработка со консултантите ангажирани од ЕУ, кои што работат на реорганизацијата на државната управа, срочивме модерен предлог закон за работата на Министерството кое што и согласно коалицискиот договор, го надградуваме во мало, ефективно министерство кое што ќе се грижи за правата на сите заедници, не само етнички, туку на сите можни припадности. Текстот наскоро ќе го претставиме за ваши предлози. Заедно ги систематизиравме сите вработени по К5 програмата по повеќе од 10 години напори и обезбедивме дом за сите вработени и сите заедници и поврзани институции на едно место и сето тоа во првите шест месеци од оваа Влада, информираше Груби.

Инаку, вицепремиерот Груби ексклузивно за ЦИВИЛ ги најави настаните по повод 20 годишнината од ОРД,  веќе во мај, на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“

 

„Ексклузивно денеска за настанот, ние се залагаме за  многу динамично и агресивно одбележување на 20 годишнината од Охридскиот и 30 годишнината од независноста и ќе ги поврземе двете со агресивни културни настани. Под агресивни мислам на динамични, последователни, за да го исполниме вакумот на било кои негативни влијанија, да го исполниме тој вакум со позитивни настани. Значи агресивни културни настани, концерти, театарска претстава,“ истакна првиот вицепремиер Артан Груби  на прашањето дали на одбележувањето на јубилеите од Охридскиот Рамковен Договор и независноста на Македонската држава се забележува позитивен прием на јавноста и медиумите, или веќе има кампањи кои би можеле да го насочат вниманието на јавноста во друга насока.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ