„Еве ексклузивно денеска за настанот, ние се залагаме за многу динамично и агресивно одбележување на 20 годишнината од Охридскиот и 30 годишнината од независноста и ќе ги поврземе двете со агресивни културни настани. Под агресивни мислам на динамични, последователни, за да го исполниме вакумот на било кои негативни влијанија, да го исполниме тој вакум со позитивни настани. Значи агресивни културни настани, концерти, театарска претстава,“ истакна првиот вицепремиер Артан Груби на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“ на прашањето дали на одбележувањето на јубилеите од Охридскиот Рамковен Договор и независноста на Македонската држава се забележува позитивен прием на јавноста и медиумите, или веќе има кампањи кои би можеле да го насочат вниманието на јавноста во друга насока.
Контактирав со Рам Љахај кој што можеби во моментов е најдобриот светски оперски пејач заедно со нашата филхармонија да одржи концерт на 13 август. Светска ѕвезда е Рам, беше во Сиднеј минатата недела, денеска е во Лондон во кралската опера, таму перформира.
Исто ексклузивно да ве информирам, имаме воспоставено соработка со Columbia University од Соединетите Американски Држави, и академската конференција ќе ја правиме заедно со нив. Професорот Дејвид Филипс ќе дојде и заеднички, Владата со Columbia University ќе го организира одбележувањето на Охридскиот Рамковен Договор. Ви кажав театарска претстава, ви кажав документарен, ви кажав поддршка на цивилното општество, дебати како што е оваа денес. Значи на тој начин со агресивни, позитивни, афирмативни настапи да не дадеме простор за било какви негативни влијанија и да се одземе темата од нешто позитивно што е успех за државата, како што е имплементирањето на Охридскиот договор или прогласувањето на независноста да се пренасочи во нешто негативно како извор на конфликт.
Како што кажав и во говорот, етникумот, религијата и културната припадност се разноликост, но во исто време се и извор на конфликт. Ние сакаме да ставиме крај и да не даваме никаков простор на било кој да го искористи овој момент на слабост на оваа разноликост и затоа сме ангажирани за таква голема прослава во текот на крајот на јули, целиот август па се до средината на септември.
Ирена Крџиќ
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Игор Чадиноски