„Граѓаните не треба да ја губат надежта, бидејќи таа последна умира. Треба да веруваме и да се бориме за подобро утре, утре каде еднаквоста и мултикултурниот концепт ќе добие вредност како некоја хит песна. Душата треба да ни биде отворена и позитивна“, истакна Ашмет Елезовски, директор на Национален Ромски центар, во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“.
„Богатството е во душата, тоа постанува со раѓањето и со воспитувањето на родителите, а покрај тоа и општеството, околината како ги дава условите за живот така го креира и богатството на комуникација, доверба, самопомош, хармонизиран и мирен живот, почитување на религиски и регуларни средби, состаноци, болести, значи поделба на сето она што е човечно.
Потребни ни се личности со респект, со добрина и личности што ќе шират љубов. Ги подржувам пораките на ЦИВИЛ дека треба да бидеш хуман, одржлив, и да има право и еднаквост за секого. Сите ние на одреден начин грешиме, но покрај грешките има и поправки.
Правото треба да почне да се почитува прво од семејството, а потоа околината ближниот комшија, потоа доаѓаат роднините и сите останати. Прво треба да ја сакаме земјата во која сме родени. Често ме прашуваат зошто така велиш? Јас им велам јас сум европеец, меѓутоа јас сум Македонец, но исто така јас сум роден Ром од мајка и татко Роми. Јас се гордеам дека сум дел од оваа земја“, истакна Елезовски.
Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети