• Latest

Ангелов за пожарите: Од одредени центри вчера се појавија намерни дезинформации и ширење паника

August 3, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ангелов за пожарите: Од одредени центри вчера се појавија намерни дезинформации и ширење паника

August 3, 2021 16:19
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Од одредени центри вчера се појавија намерни дезинформации, дека пожарот којшто во Кочани беснееше пред пет-шест дена не бил изгаснат и повторно се разгорел. Се работи за ноторна невистина. Вчера во Кочани се појави сосема нов пожар, на сосема друга локација од претходната, од сосема друга причина, истакна в.д директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој посочи неколку примери на дезинформации, масовно ширени вчера за време на неколкуте пожари низ земјава.

Ангелов, во дел на денешната прес конференција адресираше неколку дезинформации поврзани со пожарите во Кочани и на други локации во земјава, кои, според него, биле намерно ширени од одредени политички центри.

„Од одредени центри вчера се појавија намерни дезинформации, дека пожарот којшто во Кочани беснееше пред пет-шест дена не бил изгаснат и повторно се разгорел. Се работи за ноторна невистина. Вчера во Кочани се појави сосема нов пожар, на сосема друга локација од претходната, од сосема друга причина“, информираше Ангелов.

Втора дезинформација, која како што рече Анелов, бесрамно беше ширена од одредени авторитети, е дека ЦУК не презел ништо, што е целосно неточно. „За каков неангажман на ЦУК, зборуваме, кога уште од раните утрински часови, од 6 часот наутро, хеликоптерот беше полетан кон Нагоричани?“, праша Ангелов.

Тој оцени дека одредени центри и авторитети намерно ширеле дезинформации и паника.

„Се создаде една паника. Паниката убива, и во војна, но и во мир. Не треба да се паничи, треба смиреност. И ако тоа не можеме да го очекуваме од еден просечен граѓанин, можеме да го очекуваме од сите авторитети, особено политичките, коишто, наместо да паничат, требаше да помогнат – со повици за смирување и со ангажирање на луѓе. Паниката не нè носи никаде,  кога се тргна чад од Кочани, останаа два изгорени покриви на куќи. Ние немаме две изгорени куќи, имаме изгорено два покриви од куќи, имаме изгорено едно трло од кое овците беа тргнати“, посочи Ангелов на денешната прес-конференција во Скопје, нагласувајќи дека е најважно тоа што во сите пожари, благодарение на интервенциите, нема ниту една човечка жртва.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ