Тони Ѓоргиев е пожарникар од Штип. Го прекина својот одмор по деноноќна битка со пламените јазици низ источните краишта на нашата земја, за да се сретне со нашата екипа.
Ова се само неколку акценти од разговорот во кој откриваме дека неговите колеги пожарникари се соочуваат со ризиците од пожарите храбро, без оглед на ограничените ресурси. Тој со нас сподели дека штипските пожарникари се храбри луѓе, меѓу кои има и поранешни врвни спортисти. Целиот разговор ќе биде објавен набрзо.
Граѓаните можат да спијат мирно, уверува Тони. Ние му веруваме.
Интервјуто го водеше Војо Маневски (ТВ Ирис), а снимаше Атанас Петровски (ЦИВИЛ)