Младиот фотограф Огнен Бошњаковски во видео порака за Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“.
За нашата земја е богатство тоа што имаме повеќе култури, различни религии, различни етнички групи. Секој ден се повеќе и повеќе луѓето се запознаваат тука, и се дели помалку омраза, а повеќе љубов, луѓето повеќе учат за различните етнички групи, религии и култури, и тоа помага да научиме уште повеќе за светот, и во нашиот во Македонија, и за целиот свет околу нас. И учиме да ги гледаме по позитивно другите луѓе.
Направете разлика, почитувајте ги различностите. Тие не треба да не разделуваат, тие треба да не спојуваат!“, порачува Бошњаковски.
Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети