По објавувањето на новите мерки на Владата за справување со новиот бран на КОВИД-19, со кои од 16 август ќе се бара доказ за вакцинација за влез во угостителски објекти, значително е зголемен интересот за вакцинирање кај граѓаните.
Како што објави на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко Филипче, вчера биле аплицирани вкупно 17.679 дози за еден ден. „Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните“, се вели во постот на министерот Филипче.
Очигледно, новите рестриктивни мерки што ги најавија властите веќе имаат влијание меѓу граѓаните.












