Втор ден по ред дневните ковид-статистики покажуваат повеќе од 500 нови случаи со КОВИД-19. Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.780 тестирање, регистрирани се 588 нови случаи и 8 починати.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 159 269 на оздравени пациенти е 150 613, на починати 5 521, а на активни случаи изнесува 3 135.












